Русија извезла во Европската Унија повеќе течен природен гас отколку САД

Global Look Press

Чистиот увоз на руски течен природен гас во европските земји во 2018 година изнесувал 4,4 милиони тони, додека САД испорачале во Европската Унија 2,7 милиони тони течен гас, се наведува во годишниот извештај на Меѓународната асоцијација на увозници на течен гас (GIIGNL).

Од почетокот на проектот „Јамал СПГ” руската компанија „Новатек” во текот на 2018 година, според количината на извезен гас, се приближила до САД. Додека извозот на американски гас во 2018 изнесувал 20,7 милиони тони, извозот на течен природен гас од Русија достигнал 18,4 милиона тона (капацитети на проектот „Сахалин-2“ и „Јамал СПГ“), пренесуваат медиумите.

Австралија, САД и Русија (со проектот „Јамал СПГ”) го обезбедиле главниот дел на зголемувањето на понудата на течен природен гас во светот во 2018 година. Новите количини биле апсорбирани првенствено од Кина Кина и Јужна Кореја, се наведува во извештајот.

Чистиот увоз на течен природен гас во земјите на Европа е зголемен  за 6,5% од 2017 до 2018 година и достигнал је 48,9 милиони тони, пред сѐ поради зголемувањето на испораките во Белгија (+ 1 милион тони) и Холандија (+ 1,3 милиони тони).

Истовремено Шпанија во 2018 година го намалила увозот на течен природен гас за 1,4 милиони тони поради зголемувањето на увозот на гас од гасоводи. Шпанија вкупно има увезено 10,8 милиони тони течен природен гас, по неа следат Турција (8,3 милиони тони), Франција (7,8 милиони тони) и Италија (6 милиони тони).

Вкупниот глобален увоз на течен природен гас минатата година е зголемен за 8,3%, достигнувајќи 314 милиони тони. Течен гас купуваат само 42 земји, а го извезуваат 20. Нови земји-увознички се Бангладеш и Панама. Најголемиот дел од испораките (76%) оди во азиските земји.

Минатиот петок „Гаспром“ најави изградба на завод за производство на течен природен гас кај Санкт Петербург. Недела дена претходно беше усвоен план за изградба на терминал за течен природен гас на Камчатка.

Прочитајте повеќе: Светски енергетски совет: Русија била и ќе биде енергетска суперсила

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња