„Гаспром“ резервираше капацитети на новиот систем за транспорт на гас во Бугарија кој ќе ја поврзе Турција со Србија, соопшти компанијата, пренесуваат руските медиуми.
Претходно во четвртокот бугарската компанија „Булгартрасгас” донесе одлука за изградба на нов гасовод од Турција до Србија. Оваа магистрала ќе биде продолжение на „Турски тек“.
Се наведува дека одлуката е донесена по аукцијата на која две неименувани компании резервираа 100% од идните капацитети на гасоводот.