Бугарска компанија одлучи да спроведе огранок на „Турски тек“ до Србија

Reuters
„Булгартрансгаз“ донесе одлука за изградба на нов гасовод од Турција до Србија, и таа магистрала ќе прима гас од „Турски тек“, соопшти операторот на бугарскиот систем за транспорт на гас.

Се проценува дека изградбата на оваа делница ќе чини 2,7 милијарди бугарски левови (околу 1,4 милијарди евра), се наведува во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Таква одлука донесе бугарската компанија по аукцијата за резервирање капацитети во новиот систем за транспорт на гас, на која две компании ги откупија сите 100% капацитети на гас кој ќе биде транспортиран преку оваа делница на гасоводот.

„Булгартрансгаз“ има намера да потпише обврзувачки договори со тие компании.

Прочитајте повеќе: Русија подготвена да вложи 1,4 милијарди долари во продолжеток на „Турски тек“ низ Србија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња