Германски медиуми: Европа не може да преживее без рускиот гас

Legion Media

Потребите на Европа од природен гас се сѐ поголеми, додека европското производство на гас опаѓа, пишува германскиот весник „Ди Велт“.

Весникот истакнува дека европските земји се сѐ повеќе зависни од увозот на природен гас, со оглед на тоа  дека најголемите европски наоѓалишта забрзано ја намалуваат експлоатацијата.

Весникот, меѓу другото, како пример го наведува наоѓалиштето во околината на Гронинген во Холандија, кое обезбедува шестина од вкупното европско производство. Од 2014 година неговата експлоатација нагло се намалува, а во 2017 година Холандија, која некогаш беше голем извозник на гас, првпат почна да го увезува. Освен тоа, до 2030 година ова наоѓалиште ќе биде целосно затворено.

„Ди Велт“ додава дека, со оглед на намалувањето на производството на гас во Европа, брзо расте побарувачката на овој енергент. Само во 2017 година овој показател изнесуваше 491 кубен метар гас. Освен тоа, дополнителен импулс на зголемувањето на побарувачкта дава и најавеното откажување од камениот јаглен во Германија, која е најголем потрошувач на гас во Европа. Според прогнозите на аналитичарите, до 2025 година увозот на гас во Европа ќе достигне 409 милијарди кубни метри, што ќе биде рекордна количина.

Весникот истакнува дека единствена можна варијанта за излегување од оваа ситуација е рускиот гас. „Гаспром” и така обезбедува 43% од потребите на ЕУ од гас, а наскоро ќе бидат изградени „Северен ток - 2” и „Турски тек”, кои значително ќе го зголемат уделот на руски гас. Освен тоа, рускиот гас е значително поевтин од гасот на другите снабдувачи, вклучувајќи ги и САД.

„Ди Велт“ исто така истакнува дека, иако постепено зајакнуваат позициите на течниот природен гас на светскиот пазар, сепак неговата цена не може да ѝ парира на руската цена. Освен тоа, цената на течниот природен гас продолжува да расте поради сѐ поголемата побарувачка во Азија.

Ситуацијата можеби ќе се промени ако Кина го забави економскиот раст, а САД и Австралија значително го зголемат производството на течниот природен гас. Во тој случај цената на овој гас ќе падне и тој ќе може да им конкурира на руските гасоводи. Меѓутоа, како што истакнува изданието, наведувајќи статистички податоци, во Кина секоја година потрошувачката на гас пораснува за 13% и до 2023 година овој показател би можел да се дуплира, а до 2040 дури и да стане трипати поголем.

Со самото тоа веројатноста дека во блиска иднина рускиот гас ќе биде заменет од американскиот течен природен гас е мала, што значи дека зависноста на Европа од испораките од Русија ќе биде сѐ поголема, истакнува германскиот весник.

Прочитајте повеќе: На Русија ѝ предвидуваат улога на главен снабдувач на Европа со гас до 2040 година

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња