Русите реализираа прво преточување на гас од танкер на танкер во рамките на проектот „Јамал ТПГ”

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Global Look Press

Во рамките на рускиот проект за производство на течен природен гас „Јамал ТПГ” е изведена првата операција за преточување на течен природен гас од танкер на танкер во реонот на градот Хонингсвог на северот на Норвешка, соопшти прес-службата на „Новатек”.

„Танкерот-мразокршач од класата Arc7 „Владимир Русанов“ успешно изведе преточување на партија течен природен гас од фабриката „Јамал ТПГ“ во Сабет во танкерот од пониска класа „Псков“, пренесуваат медиумите.

Гасот е наменет за купувачите во северозападна Европа.

Првиот заменик на претседателот на управата на „Новатек“ Лав Феодосјев истакна дека првото искуство на преточување на течен природен гас од танкер на танкер е многу важен настан за компанијата, затоа што ваквиот пристап ќе овозможи да се оптимизираат трошоците за транспорт и обезбедат навремени испораки на гас од фабриката „Јамал ТПГ”.

Прочитајте повеќе: Рускиот течен гас оди за САД и покрај санкциите

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња