Силните мразеви во Европа доведоа до тоа „Гаспром“ да извезе минатата недела рекордни количества гас во странство. Рускиот гигант во саботата испорача 655,2 милиони кубни метри сино гориво, соборувајќи го на тој начин четврти ден по ред сопствениот рекорд во извоз на гас.
Особено е интересно што рекордот беше постигнат во саботата, односно за викендот кога, по правило, потрошувачката опаѓа на неделен минимум. „Компанијата „Гаспром“ во саботата, 24 февруари, четврти ден по ред го собори апсолутниот максимум на дневен извоз на гас. Новиот историски рекорд изнесува 655,2 милиони кубни метри. Во однос на петокот, кога исто така е остварен дневен максимум, тоа е 2,4 милиони кубни метри повеќе“, се наведува во соопштението.
Моменталното силно заладување на крајот на зимата во Европа, предизвикано од студениот сибирски антициклон кој локалните медиуми го нарекоа „Ѕверот од Истокот“ (Beast from the East), поттикнува потрошувачка на гас и пораст на цените, па така во хабот во австриски Баумгартен за понеделникот се склучуваа договори по цена од 360 долари за илјада кубни метри, додека на почетокот на месецот илјада кубни метри чинеа 230 долари.
Како што претходно беше напишано, „Гаспром“ го зголеми извозот на гас за 8,4 отсто во 2017 година. Во апсолутна смисла овој индикатор е 194,4 милијарди кубни метри. Уделот на Гаспром на пазарот на гас во Европа минатата година изнесуваше 34,7 отсто, а исто така е рекорд. Во почетокот на февруари, руската компанија се постави задача да го одржува извозот на гас на тоа ниво.
Како што претходно беше пишувано, „Гаспром“ во 2017 година го зголеми извозот на гас за 8,4 отсто. Во апсолутна смисла тој показател изнесува 194,4 милијарди кубни метри. Уделот на „Гаспром“ на пазарот на гас во Европа минатата година изнесуваше 34,7 отсто што, исто така, претставува рекорд. На почетокот на февруари руската компанија си постави задача да го одржи извозот на гас на тоа ниво.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче