Русија ја повика Кина да му се приклучи на проектот „Арктик ТПГ-2”

Global Look Press

Првиот заменик-началник на владината администрација на Русија Сергеј Прихотко изрази став дека кинеските партнери би можеле да бидат заинтересирани за учество во проектот за производство на течен природен гас „Арктик ТПГ-2” (на руски „Арктик СПГ-2”). 

Прихотко истакна дека гасната сфера е најважниот правец на развојот на енергетската соработка на Русија и Кина, пренесува ТАСС.

Тој потсети дека е планирано изградбата на гасоводот („Силата на Сибир“) од Русија до Кина по „источната“ маршрута да биде завршена до крајот на 2019 година. Се претпоставува дека во наредните 30 години преку овој гасовод годишно ќе се транспортираат 38 милијарди кубни метри гас.

Освен тоа, според него, продолжуваат преговорите за испорака на природен гас од Русија во Кина и од Далечниот Исток на Русија по „западната“ маршрута („Силата на Сибир“-2) во количина од 30 милијарди кубни метри годишно во текот на 30 години.

Исто така, според него, почна врз основа на долгорочниот договор редовната испорака во Кина на течен природен гас од фабриката „Јамал ТПГ”, во која кинеската страна поседува 29,9% акции. 

„Сметаме дека кинеската страна би можела да биде заинтересирана за учество во уште еден проект - Арктик ТПГ-2 со капацитет од 19,2 милиони тони течен природен гас годишно“, изјави првиот-заменик началник на владината администрација на Русија.

Во октомври беше соопштено дека Саудиска Арабија е подготвена да вложи во рускиот проект „Арктик ТПГ-2” до 5 милијарди долари. Освен тоа, во јуни Русија за проектот „Арктик- ТПГ-2” ја повика и Јужна Кореја. Интерес за учество во проектот изрази и француската корпорација Total.

Руското Министерство за енергетика објави прогноза според која Русија до 2035 година ќе го зголеми за четири пати производството на течен природен гас.

Прочитајте повеќе: Кина троши сѐ повеќе гас: „Гаспром” вети испораки по гасоводот „Силата на Сибир“ веќе во 2019 година

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња