Гасоводот „Северен тек 2“ стигна до Шведска

Reuters

Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, преку кој по дното на Балтичкото море ќе се транспортира гас од Русија во Германија, стигна до економската зона на Шведска.

Бродот Solitaire вчера почна со поставување на цевките во економската зона на Шведска. Во пристаништето на шведскиот град Карлсхама се доставени 34 илјади цевки за гасоводот „Северен ток 2“ кои ќе бидат поставувани до летото наредната година. Пристаништето по тој повод ангажираше 110 лица, а планирано е отворање на уште триесет работни места, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на шведското радио SR.

Бродот за поставување цевки Pioneering Spirit вчера почна со изградба на гасоводот во водите на Финска. Досега се поставени вкупно 370 километри цевковод. Меѓутоа, Европскиот парламент истапи деновиве за затворање на рускиот проект „Северен тек 2“ кој во резолуцијата е наречен политички и опасен за европската безбедност. Усвојувањето на резолуцијата предизвика остри негативни реакции кај руските сенатори и пратеници во Државната Дума, како и во Министерството за надворешни работи на РФ чиј портпарол Марија Захарова ги нарече безумни обидите да се осуети енергетската соработка, пренесува порталот „Взгљад“.

Гасоводот наменет за европските потрошувачи има капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, а вкупната должина на двата крака преку кои се транспортира гасот по дното на Балтичкото море изнесува 1224 км. Дозвола за градба на „Северен тек 2“ веќе дадоа Германија, Финска и Шведска. Во овој момент операторот на проектот Nord Stream 2 треба уште да добие од данската влада дозвола за поставување на цевките во територијалните води на таа земја. Работите се одвиваат според планот. Русија повеќе пати повикуваше овој проект да не се доживува како инструмент за влијание. Според зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, Москва го смета проектот исклучиво за економски.

Прочитајте повеќе: Шведска ја одобри изградбата на „Северен тек-2”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња