На Русија ѝ предвидуваат улога на главен снабдувач на Европа со гас до 2040 година

Поставување на цевки на гасоводот „Северен тек 2“, Балтичко море

Поставување на цевки на гасоводот „Северен тек 2“, Балтичко море

Stefan Sauer/dpa/Global Look Press

И покрај сите прогнози дека побарувачката за сино гориво во Европа ќе биде драстично намален, Русија до 2040 година ќе остане главен снабдувач со гас на Европската Унија, сметаат во Меѓународната агенција за енергетика (IEA). 

Побарувачката на гас во Европа ќе почне да опаѓа кон средината на дваесеттите години, а до 2040 намалувањето ќе изнесува 16,4 отсто во споредба со 2017, велат од IEA.  

Бидејќи земјите на Европската Унија ќе го намалат сопственото производство на гас, до 2025 година ќе го зголемат увозот за 86%, пренесуваат медиумите.

Русија ќе остане најголем снабдувач на евтин гас во регионот, додаваат експертите.   

Според сценариото на IEA, до 2040 година побарувачката на гас во светот ќе скокне за 45% во споредба со минатата година. Основни потрошувачи на гас ќе бидат Кина и државите на Блискиот Исток, додека Индија ќе троши гас трипати повеќе.

Прочитајте повеќе: Кина троши сѐ повеќе гас: „Гаспром” вети испораки по гасоводот „Силата на Сибир“ веќе во 2019 година

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња