Претседателот на Кина предложи енергетската соработка со Русија да се подигне на повисоко ниво

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Кина Си Ѓинпин во обраќањето до учесниците на Првиот руско-кинески енергетски бизнис-форум во Пекинг изрази подготвеност нивото на соработка со Русија во сферата на енергетиката да се подигне на повисоко ниво.

Во своето обраќање до учесниците на енергетскиот бизнис-форум Си Ѓинпин ја истакна високата динамика на руско-кинеските односи кои имаат карактер на сеопфатно стратешко партнерство и соработка, истакнувајќи дека односите во сите сфери меѓу двете земји непрекинато јакнат, пренесуваат медиумите.

„Во текот на последниве неколку години во билатералната соработка во сферата на енергетиката се постигнати добри резултати, што одигра позитивна улога во социјално-економскиот развој на двете држави“, заклучи Си Ѓинпин, додавајќи дека е подготвен заедно со руската страна да ја подигне на повисоко ниво енергетската соработка меѓу двете земји.

Кинескиот лидер истакна дека енергетскиот форум треба да стане платформа за директен дијалог меѓу компаниите на Русија и Кина за да се најдат можности за понатамошна соработка во сферата на енергетиката.

Потпретседателот на Државниот совет на Народна Република Кина Хан Џен, кој го прочита обраќањето на кинескиот лидер, од своја страна истакна дека развојот на енергетската соработка меѓу Русија и Кина значително придонесува за глобалната енергетска безбедност.

„Кина и Русија како влијателни светски сили вршат важна мисија за заедничко обезбедување на глобалната енергетска безбедност”, изјави потпретседателот на Државниот совет на Кина.

На почетокот на ноември Русија ја повика Кина да се приклучи на проектот за производство на течен природен гас „Арктик ТПГ-2”.

Во август претседателот на управниот одбор на „Гаспром“ Алексеј Милер го наведе точниот датум кога ќе почнат испораките на гас за Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“. А во септември беше соопштено дека Русија и Кина се договориле да ги активираат преговорите во врска со проектот „Силата на Сибир – 2“.

Прочитајте повеќе: Русија ја повика Кина да му се приклучи на проектот „Арктик ТПГ-2”