Стабилна побарувачка: Десетина земји заинтересирани за набавка на рускиот ПВО-систем С-400

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
И покрај големата конкуренција, побарувачката за руските ПВО-системи во светот е голема. На меѓународниот пазар особено е популарен противвоздушниот систем С-400.

Како што изјави началникот на Федералната служба за военотехничка соработка (ФСВТС) Дмитриј Шугаев, посебен интерес за овој ПВО-систем покажуваат земјите од Блискиот Исток и Северна Африка. За набавка на С-400 се заинтересирани десетина земји.

Тој изјави дека преговорите со потенцијалните купувачи на С-400 се во тек. Последниве 15 години ПВО-системи од Русија имаат купено околу 30 земји.

Дмитриј Шугаев истакна дека, иако на пазарот постои мошне широк избор на ваква техника, побарувачката за руските ПВО-системи е стабилна и тешко дека странската конкуренција ќе успее да ги потисне.

Началникот на ФСВТС е уверен дека според своите карактеристики и цената руската техника ги надминува странските пандани.

Претходно директорот на „Рособоронекспорт” Александар Михеев изјави дека Русија почнала со производство на противвоздушните ракетни системи С-400 за Турција.

Противвоздушниот ракетен систем С-400 (во верзијата за извоз „Триумф”) влезе во состав на вооружувањето на руската војска во 2007 година. Системот може да ги уништи сите современи и напредни системи за воздушен напад, а меѓу нив крстосувачки ракети, авиони на тактичка и стратешка авијација, маневрирачки боеви глави на балистички ракети.

Дострелот за гаѓање на аеродинамични цели е до 400 километри. С-400 може да соборува и нисколетечки цели до минимална висина од 5метри.

Прочитајте повеќе: Извозната варијанта на С-400 носи неколку типови на ракети