„Тероризмот ја држи на нишан нашата земја каде што се наоѓаат голем број на свети места за секој Ирачанец. Постојат податоци кои укажуваат на тоа дека терористите би можеле да искористат летала за напад врз нашите светињи, што предизвикува вознемиреност во земјата, како што се случи по нападот врз светињите во Самара“, рече ирачкиот функционер.
Освен тоа, тој истакна дека САД не сакаат да ја вооружат ирачката војска и да ѝ стават на располагање современи противвоздушни системи за квалитетна заштита на воздушниот простор.
„Затоа Ирак мора да поседува такви системи. И ние имаме право да ги набавиме“, истакна тој.
На 20 февруари арапските медиуми ја објавија информацијата дека ирачка делегација заминува за Москва за да го разгледа со руската страна прашањето за набавка на системи С-400 „Триумф“. Како еден од аргументите во полза на набавката на ова оружје се соопштува дека Ирак не сака да заостанува зад соседните земји кои поседуваат нови системи за противвоздушна одбрана, како и дека сака да обезбеди максимална можна заштита на својата територијата и своите воздухопловни бази од воздушни напади.
Намерата на ирачката војска да набави С-400 предизвика голема загриженост во САД. Официјалниот претставник на Стејт департментот Хедер Ноерт ги предупреди Багдад и другите земји за можните последици во врска со усвојувањето на законот „За борба против непријателите на Америка по пат на санкции“. Меѓутоа, Ирак продолжува да води преговори со Русија и одбива да го купи американскиот систем „Патриот“.
Противвоздушниот ракетен систем „Триумф” е во состојба да соборува аеродинамични цели на оддалеченост до 400 километри , а во дострел до 60 километри балистички цели кои се движат со брзина до 4,8 километри во секунда. Секој систем може истовремено да гаѓа максимум 36 цели со помош на 72 ракети. Притоа секој систем С-400 може да управува со мрежа од противвоздушни ракетни системи од различни типови (С-400, С-300, Панцир-С1, Тор-М1), координирајќи по свое водство десетици лансирни системи со стотици ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче