Во октомври се извезени вкупно 1,9 илјади автомобили од руско производство. Притоа не се сметаат земјите-членки на Царинската унија.
Теренското возило „Лада Нива” на компанијата ВАЗ го зазема првото место според извозот со речиси 25% од вкупниот број на извезени автомобили. Во октомври се извезени 477 теренци, како модели со три, така и со пет врати. На второ место според продажбата е Renault Duster од руско производство со 383 автомобили. А трет е седанот „Лада Веста” со 193 извезени возила.
Експертите истакнуваат дека „Лада Нива” веќе втор месец по ред предничи според извозот. Во септември во странство се продадени 611 возила, а најмногу во Летонија.