Путин наложи легализација на криптовалутите во Русија до 1 јули 2018 година

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Биткоинот наскоро би можел да ѝ стане конкуренција на рубљата.

Рускиот претседател Владимир Путин го одобри пописот на предлози по состанокот за употреба на дигиталните технологии во финансискиот сектор. Налозите ги покриваат главните прашања за легализација на криптовалутите.

Владата на РФ и Централната банка можат да подготват измени во законодавството до 1 јули 2018 година.