Русите ја зголемија трговијата со криптовалути

Криптовалутите стануваат сè почесто средство за трговија кај руските граѓани, забележуваат брокерите.

Брокерите забележале голем пораст на интересот на граѓаните кон трговијата со криптовалути, коментира за рускиот весник Комерсант претставници од брокерското друштво „Откритие Брокер“ и од инвестицискиот холдинг „Финам“.

„Претходно имавме неколку барања неделно, а во моментов имаме десетици“, изјави раководителот на одделот за клиенти на инвестицискиот холдинг „Финам“ Дмитриј Леснов. Според него, детална статистика за овие барања не се води, а руските државјани кои инвестираат во биткоинтот го прават тоа на сопствен ризик. Она што е интересно е дека граѓаните сè повеќе прашуваат за законитоста, сигурноста и транспарентноста на трансакциите.

Началникот на одделот за Интернет-бизнис при брокерското друштво „Откритие Брокер“ Александар Дубров смета дека порастот на интересот кај клиентите за криптовалутата е поврзан со „воодушевувањето што се создаде во врска со оваа тема во медиумите во последниве месеци“. Според него, побарувачката за криптовалута е најголема кај инвеститорите кои имаат претензија кон вложувања со висок ризик.

Во последно време сѐ почести се нападите на берзите кои тргуваат со криптовалути. Од почетокот на измината недела две берзи беа нападнато со DDoS напади - Bitfinex иBTC. Според мислењето на стручњаците, зголемениот број напади е поврзан со силниот пораст на цената на биткоинтот кој од почетокот на годинава доби трипати поголема вредност.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња