Биткоин
Jens Kalaene/Global Look PressСо изучување на иновативните технологии ќе се занимаваат идните финансиери кои студираат на Московскиот државен универзитет Високата школа за економија, Националниот истражувачки технолошки универзитет МИСиС, Московкиот физичко-технички државен институт МФТИ и Петербуршкиот државен економски универзитет, пренесува „Лента.ру“.
„За неколку програми веднаш ќе одржиме работилници – за кои ќе ги повикаме претставниците на индустријата. Некои ќе зборуваат за блокчеин, некои за биткоинот“, изјави членот на управниот одбор на магистерската програма „Финансиска аналитика“ на Економскиот факултет при Московскиот државен универзитет Сергеј Студников.
На Високата школа за економија криптовалутите ќе се изучуваат во рамките на насоката „Финансиски технологии и анализа на податоци“.
Побарувањето за специјалисти за блокчеин на рускиот пазар веќе постои и со текот на времето ќе расте, смета директорот на Здружението за криптовалути и блокчеин Арсениј Шчељцин.
На 1 септември беше соопштено дека во блокчеин центарот на „Внешекономбанк“ ќе биде основан оддел за тинејџери. „Во него ќе работат и своите компетенции за блокчеин ќе ги развиваат само тинејџери на возраст од 14 до 17 години“, објасни првиот човек на „Внешекономбанк“ Сергеј Горков.
Блокчеин е технологија на дистрибуирани бази на податоци која се темели на постојано ширење на синџирот записи. Оваа технологија е отпорна на фалсификување, ревидирање, хакирање и кражба на информации.
Рускиот „Бургер Кинг“ со сопствена криптовалута
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче