Русија планира да воведе национална криптовалута, пишува „Комерсант“ повикувајќи се на заменик-директорот на „Росфинмониторинг“ (Федерална служба за финансиски мониторинг) Павел Ливадни.
Според зборовите на Ливадни, засега нема ваков предлог-закон, но самата идеја за криптовалута веќе се дискутира со претставниците на банките, на средби во Министерството за финансии и Централната банка. Најверојатно, претпоставува „Росфинмониторинг“, оваа дејност ќе бидат лиценцирана.
Размената на рубли или валута на други држави за криптовалута компаниите и граѓаните ќе можат да ја вршат во таканаречени менувачници - на специјални електронски платформи. Купувачот задолжително ќе мора да се идентификува за да „се сведат на минимум анонимните трансфери“.
Според весникот, во исто време со воведување на националната криптовалута може да се забрани дејноста на територијата на Русија на други слични системи.
Минатата есен, платниот систем WebMoney ѝ нудеше на Централната банка да стане емитент на криптовалиута која може да биде алтернатива на електронските пари. Исто така, и компанијата Qiwi разработи сопствен систем на виртуелни пари и бараше да биде озаконет.
Покрај тоа, многупати имаше и предлози да се признае и најраспространетата криптовалута - биткоин.
Криптовалутите се виртуелни пари. Нивниот глобален обрт во моментов е околу четири милијарди долари. Руски официјални лица постојано се спротивставуваат на виртуелизација на валутата, објаснувајќи дека таков систем може да се користи за перење пари и спонзорирање на тероризмот. Министерството за финансии дури и понуди да се воведе кривична казни за употреба на криптовалути, пишува „РИА Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче