Рускиот „Бургер Кинг“ со сопствена криптовалута

Бургер Кинг

Бургер Кинг

ИТАР-ТАСС
Синџирот ресторани планира да им префрла на купувачите воперкоини во криптовалутен паричник откако посетителот ќе испрати скенирана сметка.

Синџирот на ресторани за брза храна „Бургер Кинг“ во Русија издаде сопствена криптовалута наречена воперкоин, соопшти компанијата.

„Рускиот „Бургер Кинг“ издаде своја криптовалута на блокчеин-платформата Waves. Се вика воперкоин во чест на најпродаваниот хамбургер во синџирот. Количество – една милијарда воперкоини. Дополнителна емисија е можна“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Синџирот ресторани планира да им префрла на купувачите воперкоини во криптовалутен паричник откако посетителот ќе испрати скенирана сметка. За секој купен „Вопер“, се добива еден воперкоин.

На крајот на јуни рускиот „Бургер Кинг“ изјави дека има намера веќе годинава да прифаќа биткоини.

Прометот на биткоини засега не се регулира во Русија. На почетокот на јуни првиот човек на Централната банка на Русија Елвира Набиулина изјави дека регулаторот најпрвин има намера детално да ги проучи принципите на работа на криптовалутите и потоа да го организира нивното регулирање.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња