Лавров: Западот самиот си противречи во односот спрема Русија

„Тоа не е студена војна, тоа е нешто друго. Од една страна, ситуацијата е тешка, а од друга – појасна“, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров за изданието на рускиот Совет за надворешна и одбранбена политика.

„Ситуацијата е тешка затоа што повеќе го нема биполарниот свет и „дисциплината што се воведува со стап“. Постои обид таа дисциплина да се задржи, но тоа не е лесно. Сѐ поголем број држави сфаќа дека колку и да се важни глобализацијата и човечките вредности, блоковите и солидарноста во рамките на структурите кои се формирани во периодот на студената војна, постојат уште и националните интереси“, изјави Лавров, пренесува „Взгљад“.

Принципите на солидарност се претворија во бирократија која не само што ги исполнува желбите на државите-членки, туку и го одзема сето она што им припаѓа, вели рускиот министер.

„Бирократијата во СССР исто така беше на товар на сојузните републики. Но ЕУ ги надмина сите, дури и НАТО пактот, каде дискусиите повеќе личат на демократија, иако русофопското малцинство секогаш наоѓа начин да победи“, вели Лавров.

„Бирократијата на ЕУ се обидува да им забрани на државите да постапуваат онака како што сакаат во сферите во кои никој не му дал право на Брисел самостојно да носи одлуки. Има премногу такви примери. Се надевам дека тоа „претерување“ некој ден ќе биде исправено“, изјави тој и додаде дека Русија е заинтересирана Европската унија да не биде растргана од внатрешните противречности.

„Европа сега самата се обидува да ги скрати односите со нас под американски диктат. Но во Европа има доволно држави кои го прават тоа апсолутно свесно, директно изјавувајќи дека во овој случај политиката е посилна од економијата. А тоа е суштинска спротивност на она што Западот отсекогаш го проповеда“.

Лавров исто така вели дека без оглед на тоа што сега не е најдобриот период во односите со ЕУ, Русија нема да заземе став на навредена земја затоа што е убедена во тоа дека односите мораат да се градат не врз основа на моментални скандали, туку врз долгорочни интереси.

„Русија според својата геополитичка, геоекономска положба мора да учествува во процесот на градење мостови и во воспоставување на соработката“, вели министерот. А кога политичката конјунктура на западните земји го спречува движењето во тој стратешки правец – тоа е аномалија“, додава Лавров.

„Се надевам дека западните лидери постепено ќе сфатат дека не е важно само на секои 4-5 години да победат на изборите, и дека не треба да стекнуваат популарност на русофобија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња