Извор: РИА Новости
Што се смени во последно време во руската економија, вклучувајќи го и влијанието на меѓународните санкции?
Ние гледаме двојно влијание на санкциите врз руската економија. Од една страна, неизбежното забавување на темпото на раст, зголемување на инфлацијата, нестабилност на рубљата, намалување на ликвидноста. Од друга страна, токму новите реалии се способни да го олеснат надминувањето на структурните дисбаланси, долго време својствени за руската економија. Пред сè, ова се однесува на прекумерната зависност од извозот на гориво и нафтени суровини, како и на ориентацијата на увозот на широк спектар стоки – за задоволување и на индустриската, и на потрошувачката побарувачка. Економијата на Русија поседува доволно издржливост што ќе овозможи обезбедување иден раст. На рејтингот на „Глобална конкурентна способност 2014-2015“ на Светскиот економски форум Русија веднаш се искачи за 11 места, заземајќи го 53 место (во минатата година беше 64) од 144. Меѓу конкурентните предности се наведени високиот степен на образование кај Русите и големиот иновативен потенцијал.
Колку брзо во тој случај ќе може руската економија да го надмине кризниот период?
Нашите прогнози за економски развој се базирани на предусловот за нејзината релативна стабилизација, отсуството на понатамошни сериозни санкции. Одливот на капитал до 2017 година може значително да се намали. Се очекува динамиката на БДП во 2015 година да забави на 1,2% наспроти 0,5% в 2014 година. Забавувањето на растот на БДП ќе биде, пред сè, поврзано со динамиката на инвестициите кои ќе пораснат во 2015 година за 2% наспроти намалувањето за 2,4% во 2014 година. Ние ќе продолжиме да работиме на подобрување на инвестициската клима за да може бизнисот да се чувствува на секој начин комфорно безбедно. Русија не се оградува од надворешниот свет и не ги кине деловните врски.
На кој начин Русија може да ги реши структурните економски проблеми за кои зборувате?
Русија влезе во период на нови економски услови и државата ќе треба „да го затегне ременот“. Ситуацијата со буџетот се влошува со тоа што во долгорочна перспектива приходите на земјата во однос на претходните периоди ќе продолжат да се намалуваат, што не дозволува при отсуство на суштински промени во економската и фискалната политика на државата да се смета на промена на настанатите негативните трендови. Заедно со ова, дадениов момент е како никогаш досега поволен за најефективни вложувања во развојот на земјата. Со воведувањето од страна на Русија на реципрочни санкции за ограничување на увозот од САД, Канада, Норвешка и земјите на ЕУ, ние добивме уникатна можност да ги развиваме најважните гранки, како што се земјоделството и преработката на прехранбените производи. Програмите за субвенционирање на земјоделците, осигурувањата и заедничкото јавно-приватно финансирање за формирање претпријатија кои се способни да обезбедат целосна замена за увозот бараат значителни средства.
Кои руски региони, на Ваш поглед, можат да бидат привлечни за странски инвеститори?
Динамичниот развој на регионите во Сибир и Далечниот Исток се државен приоритет и донесена е одлука за воведување на повластена даночна стапка на добивка за новите инвестициски проекти што се реализираат во тој регион. Следен чекор ќе стане проширувањето на тој режим во цел Источен Сибир, вклучувајќи ги Краснодарскиот крај и Република Хакасија. Покрај тоа, сега се разгледува можноста да се формираат на Далечниот Исток и во Источен Сибир таканаречени територии за приоритетен развој (ТПР) со посебни услови за несуровинско производство, ориентирано, меѓу другото, на извоз. За новите претпријатија кои ќе бидат во ТПР се предвидени петгодишно ослободување од данок на добивка, данок на експлоатација на природните ресурси (со исклучок на нафта и гас), данок на земја и имот, како и повластена стапка на осигурителни премии. Ние планираме да создадеме на овие територии услови за водење бизнис, конкурентни со клучните бизнис-центри на АТП, вклучувајќи ги процедурите за дозвола за градба, приклучување кон електро-мрежите, минувањето на царинските формалности.
Со што е Русија, според Вашето мислење, во дадениов момент привлечна за странски инвеститори?
Во извештајот на УНКТАД „World Investment Report 2014“ Русија е наведена како една од најпривлечните за странски инвеститори земји со транзициска економија. Нашите предности се во високата доходовност на енергетските проекти, како и на проектите поврзани со природните ресурси. Не само нафтата и гасот, туку и металите и дрвото ги привлекуваат странските инвеститори. За жал, засега гледаме само индивидуални примери на формирање на претпријатија кои се занимаваат со производство на високотехнолошки преработки. Во оваа сфера, на мој поглед, има голем потенцијал за соработка со корејските компании. Русија објективно е заинтересирана не само за привлекување финансиски капитал, туку и на нови технологии, ноу-хау и најдобрите практики за менаџмент кој овозможува префрлање на претприемничката дејност на едно ново ниво на ефикасност. За намалување на зависноста на земјата од извозот на суровини и увоз на високотехнолошки производи, зголемување на уделот на производството со висока додадена вредност неопходно е привлекување на инвестиции во модернизација на индустријата, услужните сфери и земјоделството.
Денес во Русија веќе пристигнаа некои големи странски корпорации, вклучувајќи ги Volkwagen, Siemens, Samsung. Дали Русија планира постигне зголемување на индексот на локализација на нивните стоки во Русија?
Ова барање се однесува на сите странски индустриски претпријатија кои работат во Русија на режим на индустриско склопување. Ефикасна алатка за зголемување на степенот на локализација на индустриите се кластерите и индустриските паркови. Во многу региони на Русија се создадени или се создаваат такви производствени конгломерати. Апсолутен лидер е автомобилската индустрија. Во Калужската, Калининградската и Ленинградската област фактички веќе се формираа кластери на индустриите за склопување на автомобили на водечките светски компании. Следниот логичен чекор е распоредување во регионите на компании кои ги произведуваат составните делови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче