Што се постигнува со бојкотот?

Економскиот форум во Санкт Петербург ќе се одржи од 22 до 24 мај. Архивски извори

Економскиот форум во Санкт Петербург ќе се одржи од 22 до 24 мај. Архивски извори

Топ-менаџерите на најголемите меѓународни компании масовно одбиваат да учествуваат на Санктпетербуршкиот економски форум во заднина на сè поголемиот судир во Украина. Притоа бојкотот од страна на американските бизнисмени е испровоциран од страна на администрацијата на Обама. Руските стручњаци признаваат дека тоа ќе нанесе удар по имиџот на форумот, но не се согласуваат во мислењето колку сериозно овој бојкот ќе влијае на вистинската соработка.

На 6 мај заменик-министерот за економија Сергеј Бељаков во интервју за телевизискиот канал Росија 24 изјави дека организаторите на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум добива многубројни одбивања од претставниците на странските компании. 

„Најголемиот дел од нив претходно го беа потврдиле своето присуство, но потоа изјавија дека мораат, за жал, да ги изменат своите планови“, објаснува заменик-министерот. „Секако, за нас оваа загуба е незгодно изненадување, но бевме подготвени за него“. 

Расте притисокот врз руските компании во Украина
Главното обвинителство на Украина ја обвини најголемата руска банка „Сбербанк“ за финансирање тероризам. Поради тоа таа може да ја изгуби дозволата за работа. Во врска со ова, најголемите руски компании, вклучувајќи го мобилниот оператор МТС и Интернет-пребарувачот Јандекс, значително ги намалуваат вложувањата во рекламирањето на украинските телевизиски канали.

Бројот на пријавени претставници на странски организации, чиј список е објавен на страниците на Форумот, изнесува 311 учесник, што е за 40% помалку од бројот на учесници од минатата година. Најголемо намалување (од 109 во 2013 година на 53 лица оваа година) се забележува кај американските компании. Бројот на претставници на италијанскиот и на германскиот бизнис сериозно се намали, на 10, односно на 14 претставници. 

Меѓу компаниите кои одбиле да учествуваат е наоѓаат и крупни играчи како што се PepsiCo, The Coca-Cola Company, Alcoa, ConocoPhilips, Bain & Co, PeMex, Goldman Sachs. Компаниите Caterpillar, Boeing, Boston Consulting Group ќе ја донесат својата одлука за учество на форумот во зависност од понатамошниот развој на геополитичката ситуација.

Bloomberg, повикувајќи се на анонимни изјави, претходно изјави дека Белата куќа врши притисок врз американските компании кои се пријавиле за форумот. Според информации на агенцијата, министерот за финансии на САД Џек Лиу и постарата советничка на претседателот Обама, Валери Џаерт, лично контактирале со претпоставените учесници на форумот и им рекле дека нивното заминување во Санкт Петербург „нема да биде мошне добар сигнал“. 

Руските стручњаци сметаат дека масовниот бојкот ќе го лиши Санктпетербуршкиот форум од неговата првобитна смисла. 

Стручњакот од Руската академија за стопанство Владимир Климанов во разговор со „Руска реч на македонски“, истакна дека Петербуршкиот форум е традиционално предвиден за високопоставени учесници и отсекогаш бул значаен форум за донесување одлуки. Обично идеите и изјавите изговорени на форумот претставуваат импулс за внатрешна иницијатива „Несомнено е дека бојкотот на форумот од страна на шефовите на најголемите компании всушност го лишува форумот од својата првобитна смисла. Нема да има ниту преговори, ниту размена на мислења на највисоко ниво. Тоа најверојатно ќе се одрази на инвестициските одлуки“, смета Климанов.

Оваа година на Санктпетербуршкиот економски форум нема да има високи владини претставници од Република Македонија. Ова воопшто не значи дека Македонија го бојкотира форумот, туку едноставно по вонредните парламентарни избори не постои можност за формирање влада до започнувањето на форумот.

Еден од главните аналитичари на БКС Максим Шеин исто така истакнува дека форумот без првите лица на најголемите странски компании ќе биде помалку делотворен. „Несомнено е дека ќе има помалку контакти и договори. Ова е повод да се запраша американската влада. Пред сè, страда бизнисот. И руската страна многу губи, зашто САД се наш главен партнер во многу сфери. Но, она што се случува не значи дека економските врски сосема се раскинуваат. На ова треба да се гледа како на извесна нова етапа, импулс за развој на деловните односи на поинакво ниво“, смета Шеин. 

Овие зборови индиректно ги потврдува и изјавата на Сергеј Бељаков. Тој изјави дека Русија „нема да ја затвори својата економија за оние што нема да дојдат“. Но, истакна дека „во голема мета ќе ја развиваме соработката со компаниите што ќе дојдат, со кои ќе имаме директен контакт“. 

Се полага надеж на договори со азиските партнери, смета Максим Шеин. „Не е исклучено дека на форумот оваа година Гаспром ќе потпише голема соработка со Кина“, рече тој во разговор со „Руска реч на македонски“. 

Но, во рускиот оддел на компанијата Ernst&Young сметаат дека тоа што голем број топ-менаџери одбиле да учествуваат нема да доведе до нарушување на договорите. „Не би рекол дека одбивањето значително ќе влијае врз работата на форумот. Во некои случаи постојат замени – пристигнуваат претставници на членовите на советот на директори на компаниите, што само по себе ќе придонесе за статусот на форумот“, истакнува Александар Ивлев, шеф на Ernst&Young за Русија. „Освен тоа треба да се знае дека сите големи работи се подготвуваат многу пред форумот, а самиот форум е место за нивно потпишување. Значи, мислам дека под оние договори кои беа подготвувани за потпишување, ќе се стави потпис. Уверени сме дека привремените компликации нема значително да влијаат на развојот на партнерските односи со европските и со прекуокеанските колеги. Меѓународните инвеститори не заминуваат од рускиот пазар“, смета Ивлев.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња