ФСБ: Во Русија годинава спречени околу 30 терористички напади

Руските безбедносни служби во 2015 година спречиле околу 30 терористички напади во земјата, соопшти директорот на ФСБ Александар Бортников.

Руските безбедносни служби заедно со органите на редот годинава ликвидирале околу четириесетина лидери на терористичкото подземје во РФ со што организациската структура на терористите е парализирана. Ситуацијата со спречувањето на тероризмот во Русија се нормализира, но сѐ уште останува сложена – ова се главните точки од говорот на претседателот на Националниот антитерористички комитет, директор на Федералната служба за безбедност на РФ Александар Бортников на заедничкиот состанок на НАК и Федералниот оперативен штаб.

 „Органите на редот спречија околу 30 терористички напади, уапсени се над 770 бандити и нивни соучесници. Запленето е големо количество оружје и други убојни средства“, изјави Бортников, пренесува РИА „Новости“.

Покрај тоа, службите за безбедност оваа година ликвидирале 156 терористи и 36 водачи на банди. Меѓу елиминираните се и водачот на групата „Имарат Кавказ“. Од 26 бандитски групи кои се заколнаа да ѝ служат на „Исламската држава“, неутрализирани се 20, додаде Бортников. 

Тој истакна дека во услови на заострена ситуација во светот е важно, пред сѐ, да продолжи борбата со подземјето на Северен Кавказ, особено во Дагестан, да се обезбеди сигурноста на граѓаните на РФ во странство и активно да се вршат превентивна активности против тероризмот и екстремизмот меѓу населението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња