Русија, Москва, Поглед на Архангелскиот и Благовештенскиот храм на Кремљ.
Николај Галкин/TASSЗапознавањето со Москва најдобро е да се започне од Кремљ - колевката на руската историја. Овде можете да уживате во архитектурата, да прошетате по територијата и да им се восхитувате на кулите и палатите. Ќе бидете фасцинирани од грандиозниот Цар-топ и џиновската Цар-камбана. Би требало да застанете и на Соборниот плоштад и да отидете до трите главни храмови на Кремљ: Успенскиот, Архангелскиот и Благовештенскиот.
Експонати на Оружејната палата на Кремљ.
Владимир Вјаткин/SputnikАко имате време, проучете ја малку и историјата. Во музејот-ризница на Оружејната палата се наоѓаат царски круни, кочии и фустани од крунисувања, државни регалии и ордени, како и разни скапоцености од животот на руските цареви, уметнички дела од благородни метали и скапоцени камења.
Повеќе детали на сајтот kreml.ru
Државен историски музеј, поглед од Црвениот плоштад, Москва, Русија.
Legion MediaНа Црвениот плоштад буквално ќе бидете опкружени со зградите на Историскиот музеј. Се разбира, пред сè тоа е главната зграда од црвена тула, која наликува на „терем“ (раскошна повеќекатна куќа богато украсена со резба) во руски стил. Напишавме детално за тоа што можете да видите во музејот. Тука се наоѓаат ретки археолошки артефакти од каменото доба пронајдени на територијата на Русија, потоа оружје, слики и стари предмети за домаќинство, како и најретките ремек-дела на дворските златари, кои биле направени за царевите. Покрај тоа, во музејот често се одржуваат интересни изложби.
Храмот „Св. Василиј Блажени“.
Legion MediaА од другата страна на Црвениот плоштад е храмот „Покров на Пресвета Богородица“, попознат како храмот „Василиј Блажени“. Тоа е филијала на Историскиот музеј. Во тој еден храм всушност има единаесет храмови!
Покрај тоа, во состав на Историскиот музеј се и Музејот на Татковинската војна од 1812 година и Палатата на болјарите на Романови, посветена на московското болјарство од XVI и XVII век.
Повеќе детали на сајтот shm.ru
Третјаковска галерија, Музеј на ликовните уметности во Москва, Русија.
Legion MediaТој е еден од најпознатите музеи во Москва и најголема ризница на руското сликарство. Во историскиот корпус во Лаврушинскиот переулок (сокак) се чуваат икони и слики од старо време до почетокот на ХХ век. Музејската збирка се базира на приватната колекција на трговецот Павел Третјаков. На свој трошок ја изградил и зградата на галеријата и ја подарил на градот.
Во Новата Третјаковска галерија на Кримскиот бран е изложена колекција на руското сликарство од XX и XXI1 век, во чија експозиција влегоа и руската авангарда како што е „Црниот квадрат“ на Малевич и советскиот социјалистички реализам.
Пред сликата на Александар Иванов „Јавувањето на Христос на народот“, Третјаковска галерија.
Legion MediaВо сите згради на музејот се одржуваат привремени изложби на руски (и не само руски) сликари. Музејот „Павел и Сергеј Третјакови“ во куќата каде што пораснале, како и музејот „Виктор Васнецов“, се исто така филијали на Третјаковската галерија.
Повеќе детали на сајтот tretyakovgallery.ru
Пушкиновиот музеј во улицата „Волхонка“.
Mike1979 Russia (CC BY-SA)Во „Пушкинскиот музеј“, како што меѓу народот се нарекува Државниот музеј на ликовни уметности, „А. С. Пушкин“, концентрирана е странска уметност од античко до наше време.
Веќе пишувавме за она што може да се види овде. Во главната зграда е сместена огромна колекција на лиени уметнички дела и архитектонски ремек-дела од антиката, средниот век и ренесансата. Покрај тоа, институцијата располага со обемна колекција на слики од старите мајстори како Сандро Ботичели, Рубенс и Ел Греко, споменици од древниот Египет и археолошки наоди од целиот свет.
Ентериерот на „Пушкиновиот музеј“
Wikipedia/ShakkoДенес Пушкинскиот музеј е, всушност, цел комплекс на музеи. Нему исто така му припаѓа и Галеријата на уметностите на Европа и Америка, во која се сместени збирки на француските импресионисти и други западни мајстори од XIX и XX век, како и спомен-домот на познатиот пијанист Свјатослав Рихтер.
Повеќе детали на сајтотpushkinmuseum.art
Музеј на космонаутиката
Артјом Геодјакан/TASSОсвојувањето на вселената е едно од главните достигнувања со кои силно се гордееше СССР и со кои се гордее и модерна Русија. Отворањето на овој музеј во ВДНХ беше организирано по повод прославата на 20-годишнината од летот на Јуриј Гагарин во вселената.
Овде се изложени и примери на ракетната и вселенската техника: лунарни ровери, ракетни мотори и многу други интересни експонати, меѓу кои и вистински вселенски скафандери и лични предмети на космонаутите. Покрај тоа, збирката на музејот содржи многу уметнички предмети посветени на вселената, како и макета на станицата „Мир“ во природна големина во која може да се влезе.
Музејот на космонаутиката по реновирањето
Руслан Кривобок/SputnikВо близина се наоѓа филијала на музејот - спомен-домот на главниот конструктор на советската вселенска програма, академик Сергеј Королев, кој ја даде идејата за основање на овој музеј.
Повеќе детали насајтот kosmo-museum.ru
Овој музеј особено би требало да им се допадне на децата. Овде можете да ја следите еволуцијата на живите организми, да ги набљудувате бактериите и микроорганизмите и да видите како изгледале изумрените животни. Можете да се запознаете со ретки растителни видови, како и со палеонтолошки наоди и најразновидни минерали.
Декоративни зајачиња
Евгенија Новороженина/SputnikСамата музејска зграда е исто така достојна за внимание. Се наоѓа во вилата на Петар Шчукин од крајот на XIX век, која е изградена во руски стил и изгледа како замок од бајка. Тука некогаш бил сместен Музејот на руски старини.
Повеќе детали насајтот gbmt.ru
Ова место е многу важно за разбирање и сфаќање на советската историја и целокупниот нејзин репресивен систем. Овде се собрани голем број документи, живи сведоштва на затворениците од Гулаг, нивни лични работи, логорски предмети и други артефакти од советските затвори кои станаа познати по лошо благодарение на книжевните дела на советските дисиденти.
Фрагмент од новата постојана изложба „ГУЛАГ во судбините на луѓето и историјата на земјата“
Евгенија Новороженина/SputnikЗбирката на музејот вклучува и уметнички слики, графики, постери и разгледници, скулптури и ретки книги посветени на репресиите. Музејот е модерен и интерактивен и содржи голема количина аудио и видео материјали. Со помош на виртуелната реалност можете „со свои очи“ да видите како изгледале овие страшни места.
Повеќе детали насајтот gmig.ru
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче