Цар-камбана: Како руските мајстори го прават невозможното

Chromorange/Global Look Press
Цар-камбаната е најголемата камбана во светот и се чува во Кремљ на истото место каде што се наоѓа нејзиниот придружник Цар-топoт. Камбаната никогаш не заѕвонела, но неодамна, звукот што може да го ослободи беше произведен со компјутерска симулација.

Во Русија постои популарна шега за Цар-топот, кој никогаш не пукал, и за Цар-камбаната, која никогаш не заѕвонела. Иако е веројатно дека топот пукал, точно се знае е дека камбаната никогаш не билo слушнато да се огласи. Сепак, историјата на џиновското ѕвоно продолжува да биде уникатна и импресивна. 

Цар-камбаната била создадена во 18 век и продолжува да биде најголемото ѕвоно во светот. Со тежина од речиси 202 тони и со висина над 6 метри може да се скрши на „мали“ парчиња кои ќе тежат по 11 тони.

Не е доволно голема

Одлуката за леење на оваа џиновска камбана за Кремљ ја донела царицата Ана Јоановна во 1730 година. Во тоа време, воспоставена е традицијата за правење големи камбани во срцето на Москва. Камбаната што ја побарала Ана Јоановна е трета од ваков вид. Првата била излеана на почетокот на 17 век, но била оштетена од пожар. Втората е направена во средината на истото столетие за време на владеењето на царот Алексеј Први, но го начекала слична судбина – паѓа и се крши за време на друг пожар во 1701 година. Остатоците од оваа втора камбана се користеле за создавањето на сегашната Цар-камбана. 

Цар-камбаната е многу поголема од нејзините претходници. Првата тежела помеѓу 17 и 35 тони. Иако се чини дека не е толку голема колку Цар-Камбаната, треба да се забележи дека биле потребни 24 луѓе за таа да ѕвони. И камбаната која ја заменила првата тежела 130 тони! Ана Јоановна, се чини, не била задоволна со таа големина и таа наредила следната да биде еден и пол пати поголема. Очигледно, руските монарси сакале гигантски работи. 

100 години во јамата во Кремљ 

Било одлучено за леењето на оваа камбана да бидат поканети странски мајстори. Најпрво задачата му била понудена на еден познат француски мајстор за камбани, но кога му ја соопштуваат тежината и големината на камбаната, тој помислил дека тоа е шега. Така специјалистите биле пронајдени дома - Иван Моторин и неговиот син Михаил.

За да се излие камбаната во близина на Кремљ била ископана огромна јама, длабока 10 метри. По година и половина од подготвителната работа, камбаната конечно била започната во 1735 година. За време на работата, Иван Моторин починал и проектот продолжил под водство на неговиот син. 

Исто како и двете претходни ѕвона, Цар-камбаната станува жртва на оган. Но, за разлика од неговите претходници, ова се случува пред да биде завршена или монтирана. Во 1737 година избувнал пожар, камбаната паднала од потпората на која стоела, а од неа се скршило парче. 

Така камбаната останува 100 години во јамата, бидејќи инженерите не можеле да најдат начин да ја извадат. Во почетокот на 19 век царот Александар Први наредил да биде изграден постамент до камбаната, за љубопитните да можат добро да ја разгледаат. Камбаната е украсена со фигурите на царицата Ана и царот Алексеј, кои се врежани на неа. Дури во триесеттите години од 19 век познатиот француски архитект Огуст де Монферан, кој го изградил Исакевскиот собор во Санкт Петербург, прави план како да се извади Цар-камбаната од јамата. Конечно, тоа е постигнато и камбаната е ставена на постамент во Кремљ. 

Цар-камбаната во 1908 година.

Звукот на Цар-камбаната

Некои предлагаат парчето од камбаната кое паднало повторно да се прикачи, а таа да се користи за нејзино првобитно користење. Овие идеи, сепак, се отфрлаат и одлучено е дека камбаната нема да може нормално да ѕвони поради оштетувањето. 

Во 2016 година, група истражувачи од САД користеа компјутерска симулација за да го репродуцираат звукот што Цар-камбаната може да го даде. За да ја направат својата симулација, научниците ја пресметуваат дебелината, обликот, движењето и материјалот на камбаната. Звукот на Цар-камбаната беше репродуциран во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња