- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
На оваа карта на Русија нема да најдете градови, планини, ни шуми, затоа што на неа различни региони се прикажани со вез. Некаде, обележани со шевови, може да се претпостават контури на знаменитости, некаде грбови, некаде народи, а некаде необични животни и птици.
Александар Крјажев / Sputnik
Извезената карта на Русија се појави во 2022 година и се наоѓа во Чувашкиот национален музеј во Чебоксари. Во Русија овој регион на Поволжјето често се нарекува „крај на сто илјади везови“, бидејќи никаде на друго место нема да најдете такво богатство и разноликост на шарите. Овде на 26 ноември се одбележува Денот на чувашкиот вез.
Чувашки национален музеј/Министерство за култура на Чувашија
Од покривки за глава до етнографска карта
Сé започна од извезен „сурпан“, женско покривало за глава, вели директорката на музејот Ирина Меншикова. „Решивме да ги украсиме краевите на ова платно, долго 6 метри, со везови од различни региони на Чувашија. Им испративме на вештите мајстори ленти ткаенина, а потоа и сите ги зашивме и ги претставивме во 2020 година на прославата. И кога нè прашаа што ќе правиме следната година, решивме да ја извеземе мапата на Чувашија.
Чувашки национален музеј/Министерство за култура на Чувашија
Тукашните мајстори уште во 1937 година навезле карта на Чувашија, но тоа било географска карта, со шуми, населби, патишта. „А ние решивме да направиме етнографска карта. Во сите наши региони испративме ткаенина со посебен облик и ги замоливме мајсторите да ги извезат во традиционален стил, по нивна замисла. Главниот услов беше да не се везе преку рабовите и да се работи рачно“.
Цивилен општински округ на Република Чувашија
Во музејот однапред не знаеја што точно ќе направат мајсторите на везот. Се дозна дури кога пристигнаа работите. Во една област беа извезени древни орнаменти, во друга - народите кои живеат во близина, во трета - митскиот летечки коњ Ургамак со својот витез. Презентираната мапа толку ги воодушеви гостите на прославата на Денот на везот што претседателот на републиката предложи за Денот на Русија на 10 јуни да се направи везена мапа на целата земја. Чувашкиот национален музеј го подготви материјалот со потребната големина и форми и го испрати до мајсторите во сите региони, а тие со задоволство ја поддржаа таа иницијатива.
Чувашки национален музеј/Министерство за култура на Чувашија
Три сонца, дрвото на животот и „дијаманти“
Повеќе од 200 занаетчии работеа на изработката на мапата шест месеци. А кога ги испратија готовите делови, се покажа дека дури и подрачјата кои се на спротивни краеви на земјата имаат речисти исти симболи во везот, и воопшто во културата.
Чувашки национален музеј/Министерство за култура на Чувашија
„Кај нас во Чувашија, на пример, главен симбол е сонцето“, вели Олга Кушманова, шеф на одделението за културни и образовни активности на музејот. „Постои легенда дека порано на чувашката земја сјаеле три сонца, но една со текот на времето се претворило во месечина, а друго се распаднало на парчиња и од него настанале ѕвездите“. Потполно истите симболи на сонцето беа на работите испратени од Смоленската, Пензенската и Самарската област.
Чувашки национален музеј/Министерство за култура на Чувашија
На мапите на Ингушетија, Дагестан и Астраханската област, сонцето е прикажано поинаку, со три зрака. А на мапите на Камчатка, Чукотка, Магадана и Јамал, „сонцето“ е направено од мониста, а по работ е украсено со крзно. „На нашиот деревен вез е прикажан целиот универзум и животот народот Евени“, така го опишува магаданскиот вез Галина Бушуева, една од локалните везилки, која и самата има евенски корени.
Кај автохтоните народи на Далечниот Исток исто така постојат легенди за три сонца.
Чувашки национален музеј/Министерство за култура на Чувашија
Уште еден заеднички симбол за многу народи е дрвото на животот. Можеби најмногу го заслужува вниманието она на извезената мапа на Јакутија. Украсено е со симболични „дијаманти“ (и не само со нив, повеќе детали овде). А мајсторите од Башкостостан на своето дрво ги извезоа народите кои живеат во различни региони на Републиката. На истокот на Русија, на југот на Поволжјето и на Урал, гледаме слично цвеќе и гранчиња, иако регионите се меѓусебно оддалечени илјадници километри.
Чувашки национален музеј/Министерство за култура на Чувашија
Во регионите на Сибир можете да видите и различни животни. Се разбира, најчесто се прикажуваат ирваси, но на Чукотка и Камчатка можат да се видат и поларна и кафеава мечка. Иркутската област на оваа мапа ја претставува необичното животно „бабр“. Како што велат легендите, тоа првично било тигар (на стариот сибирски дијалект „бабр“ значи тигар), но пред неколку векови хералдистот нешто згрешил, па насликал нешто како дабар или куна, во секој случај некое непознато, но упадливо ѕверче.
Чувашки национален музеј/Министерство за култура на Чувашија
Златовез и чипка
Се разбира, веднаш ќе ја забележите Москва на мапата затоа што мајсторите решиле да го прикажат кремљ со раб од златни конци. Оваа техника е користена и на картата на Карелија, на која се прикажани капите на Поморите везени со злато (за нив зборуваме овде). Вологда го претстави својот регион во техниката „вологодско стакло“. Тоа е специфичен чипкаст со бели конци на бела подлога. Оренбург ги пренесе на мапата шарите од своите шалови.
Чувашки национален музеј/Министерство за култура на Чувашија
Инспирирани од везената мапа на Русија многу региони сега прават свои везени карти. Музејот во Чебоксари планира да ја покаже оваа колекција летото 2023 година.
Чувашки национален музеј/Министерство за култура на Чувашија