Извор: Lori / Legion Media
Приказната за ткаењето на оваа марама треба да се започне од фактот дека токму во Оренбуршката област постои уникатен вид коза со меки и цврсти влакна. Локалните кози веќе одамна се имаат прилагодено на суровите зими со меќави и на ниските температури. Дебелината на козјото влакно изнесува 17 микрометри, што е четири пати потенко од човековото и 1.5 пати подебело од влакното на ангорската коза.
Историја
Производството на козјо влакно започна некаде пред 250 години. Оренбуршките домашни производи од нежни козји влакна веќе кон средината на 18 век го привлекле интересот на истражувачите и на новите жители на овој крај – Јаицките Козаци кои го населиле овој град-крепост.
Во зависност од комплицираноста на ткаењето и на величината, ваквата марама може да чини од 100 до 1.500 евра. Марамите кои се изработуваат рачно имаат природна боја – бела, темно кафеава или сива.
Новите доселеници биле зачудени пред сè од способноста на локалното население, Калмиците и Козаците, да функционираат во облека која се чини мошне лесна, а притоа да можат да поднесат и најголем студ (во овие краишта температурата назима се спушта и до -40 степени). Излегло дека ова е возможно благодарение на таа облека од свиленкасти влакна кои се добиени од локалните кози. Козаците почнале да ја разменуваат облеката од нежни козји влакна со сточарите во замена за чај и за тутун. Со текот на времето Козаците го смениле и принципот на плетење – наместо „глуво“ плетење внеле елементи од вез.
Со ваков облик оренбуршките волнени марами и други производи стекнале популарност, која порано била навистина светска: марамите за првпат биле претставени во странство во 1857 година на меѓународна изложба во Париз. Но, признание добиле дури на залезот на Руското Царство кон крајот на 19 век, кога дури и во Англија започнале да се прават производи со етикета „Имитација на Оренбуршка марама“. Оригиналните производи, сепак, биле скапи.
Во зависност од комплицираноста на ткаењето и на величината, ваквата марама може да чини од 100 до 1.500 евра. Марамите кои се изработуваат рачно имаат природна боја – бела, темно кафеава или сива.
Поради високата цена и поради сè поголемата побарувачка, производството на марами од козјо влакно кон крајот на 19 век почнало брзо да се развива: до 1910 година бројот на луѓе кои биле ангажирани во ткајачниците за производство ја надминал границата од 20 илјади.
Видови марами
Не постојат многу видови оренбуршки марами: обична (шал), тантела во облик на пајажина (паутинка) или палантин. Двата последни вида се тенки, вешто изработени производи со комплицирани везови кои не се користат за загревање, туку како украс. Најдобрите ткајачи на овие производи живеат во селата Жолтое и Шишма. Без оглед на величината (стандардната величина изнесува 210х210 сантиметри), паутинката може лесно да ја собере, да кажеме, во лушпа од гускино јајце или да се провлече низ венчален прстен – токму на овој начин пред сто години се проверувало дали станува збор за вистинска оренбуршка марама или не. Основата на ваквата марама е свилена нитка (2/3 волна и 1/3 свила). Потребен е еден месец за да се изработи рачно ваков производ.
Не секогаш марамите се изработуваат рачно, во Оренбуршката област постојат неколку фабрики за производство на марами. Производот кој е направен машински обично не чини многу, но е погруб и го нема уникатниот вез.
Оренбуршките ткајачки се авторки на цртежи исткаени на марами. Везовите се разновидни и, по правило, носат народни називи: елкички, мачкини шепи, тркалезна малина...
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче