Овој анимиран филм, креиран во техниката „кадар-по-кадар анимации“, го режираше Роман Качанов. Подоцна следеа и други филмови: „Чебурашка“ (1971), „Шапокљак“ (1974) и „Чебурашка оди на училиште“ (1983).
Гена не е обичен крокодил. Необичниот јунак од картон, создаден од писателот и поет Едуард Успенски, носи црвено палто, црна пеперушка и мал тркалезен шешир. Пуши луле (не грижете се, Гена има 50 години, свири хармоника и работи во зоолошка градина. Негов добар пријател е Чебурашка (второто чедо на Успенски, кое многумина го опишуваат како „советскиот Мики Маус“), симпатично мало суштество со големи округли уши и крупни очи.
Чебурашка се прослави и надвор од СССР. Во Велика Британија беше познат како „Топл“ (Topple), во Финска како „Муксис“ (Muksis), во Германија како „Плумпс“ (Plumps), а во Шведска како „Друтен“ (Drutten). Чебурашка стана ѕвезда и во Јапонија. Во 2003 година една јапонска компанија ги откупи правата за дистрибуција на анимираниот филм „Чебурашка“ во Јапонија сé до 2023 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче