Јутјуб-каналите на „Маша и мечокот“ на шпански и англиски надминаа по десет милиони претплатници

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Официјалните канали на рускиот цртан филм „Маша и мечокот“ на англиски и шпански јазик на „Јутјуб“ ја добија најпрестижната награда на оваа награда на овој портал Diamond Creator Award, резервирана само за оние со над десет милиони претплатници, соопштија од студиото Animaccord.

Двата официјални канали на рускиот цртан филм „Маша и мечокот“ на платформата „Јутјуб“, на англиски и шпански јазик, повторувајќи го успехот на каналот на руски јазик од 2017 година, неделава забележаа по повеќе од десет милиони следбеници. На јутјуб-каналите кои имаат над десет милиони претплатници порталот им ја доделува наградата Diamond Creator Award, наведе службата за односи со јавноста на компанијата Animaccord.

Како што е наведено, „Маша и мечокот“ е првиот руски анимиран проект чии канали на странски јазици имаат толку голема публика на „Јутјуб“ и се толку широко прифатени меѓу корисниците на платформата на англиски и шпански (вклучувајќи го големиот удел на корисници кои зборуваат на шпански јазик од Латинска Америка).

Цртаниот филм „Маша и мечокот“ оваа година ја одбележува својата 10-годишнина од постоењето. Во моментов е преведен на 36 јазици и се прикажува во преку сто земји ширум светот. Според податоците на независното истражување на компанијата Parrot Analytics, минатиот месец беше наведен во првите пет најпопуларни детски програми на светот.

Епизодата „Маша + каша“ официјално стана најгледаниот цртан филм на „Јутјуб“ оваа година. Во јули имаше преку четири милијарди прегледи и затоа е сместена во петте најгледани видеа на „Јутјуб“ откако постои платформата. Цртаниот филм „Маша и мечокот“ е еден од петте најпопуларни детски брендови во Европа и Латинска Америка.

Прочитајте повеќе: Рускиот цртан филм „Маша и мечокот“ влезе во Гинисовата книга на рекорди