„Што е тоа идеологија? Идеологијата против која истапуваше и истапува нашиот Устав, некако потсвесно ја подразбира токму комунистичката идеологија, рече славниот режисер. Меѓутоа, идеологијата, воопшто, претставува договор меѓу луѓето за тоа според кои закони ќе живеат. И, поради што живее еден народ, се разбира. И тоа е тоа. Прекрасно прашање и одговор, дека не е важно како се живее, туку зошто се живее. Само кога ќе сфатиме зошто да живееме, ќе ни биде јасно и како да живееме“, објасни Михалков во гостувањето кај популарниот новинар Владимир Соловјов, пренесува „Цариград“.
„Се сеќавам дека уште мајка ми ми велеше: Никогаш не суди за својот живот врз основа на животите на оние што живеат подобро од тебе. Просудувај го својот живот споредувајќи го со животот на оние што живеат полошо од тебе, оние што ги има многу повеќе. На тој начин ќе избегнеш огромна количина на проблеми“.
Токму таквиот пристап, смета Михалков, ја сочинува суштината на руската идеологија, рускиот код, во кој доминираат сочувството и разбирањето.
„Имав седум операции оваа година. Две на 'рбетот и пет на бедрената коска. Добив инфекција, ми ја сечеа коската. Во Германија... 36 часа анестезија итн. И тогаш на телевизија ќе видиш болно тригодишно дете... За што зборуваме? Ќе се запрашаш, што се жалиш? Ова е во основа филозофијата која може да нè спаси во ситуација кога очите се поголеми од устата , рече Никита Михалков.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче