„Значењето на рускиот јазик беше и остана најважното за нашата земја, за Русија, каде што служи како основа на духовно-историското заедништво на десетиците самобитни култури и народи. Тој во огромна мера ги обезбедува суверенитетот, единството и идентитетот на руската нација“, рече изјави шефот на државата во вторникот за време на седницата на советот за руски јазик при претседателот на РФ, пренесува РИА „Новости“.
„Гледано во целина, интересот за јазикот, особено во светот, ќе биде во пораст онолку колку што е нашата благосостојба во најширока смисла на тој збор. Тогаш и интересот за јазикот ќе биде голем. Ако го нема тоа, ни јазикот нема да биде интересен, што и да правиме. Ако земјата е моќна, силна, привлечна и примамлива, тогаш луѓето ќе учат руски“, објасни Путин.
Руска училница во Аргентина / Reuters
Тој истакна дека во земјите со кои Русија развива економска соработка денес се забележува нагло зголемување на интересот за рускиот јазик. Кога економијата „почнува да дише“ и земјата се развива, тогаш „на поинаков начин влијаат и нашите достигнувања во сферата на културата“, нагласи Путин.
Рускиот претседател укажа на неопходноста од грижа за состојбата на својот јазик. Според шефот на Руската Федерација, усовршувањето на нормите на рускиот јазик не треба да резултира со вулгарно поедноставување на интерпункцијата и ортографијата, пишува ТАСС.
Reuters
Путин наложи да се подготви единствен корпус на речници и прирачници со нормите на современиот руски јазик како државен јазик на Русија. Пропишаните норми на тој јазик треба да бидат обврзувачки за сите државни структури, како за органите на извршната, судската и законодавната власт, така и за училиштата и медиумите.
Прочитајте повеќе: Интересот за русистиката во иднина ќе расте