Зошто да го учите рускиот јазик?

Извор: Аркадиј Колибалов / Росијскаја Газета

Извор: Аркадиј Колибалов / Росијскаја Газета

На лауреатите на ХIV Меѓународен натпревар „Пушкин“ за учители по руски јазик, во саботата на 7 септември им беа врачени награди. Репортерот на „Руска реч на македонски“ присуствуваше на церемонијата за врачување на наградите и дозна зошто во нивните земји се учи рускиот јазик и како се смени односот кон рускиот јазик во врска со последните политички настани.

Тема на натпреварот оваа година беше „Пушкин. Интернет. Пазар. Кој е вистински учител по руски во мојата земја?“ Од натпреварувачите се бараше да напишат како се изучува рускиот јазик во нивната земја – со посредство на литература, преку Интернет или на пазар. И да подразмислат за тоа дали јазикот на класичната литература ќе ги „свари“ современиот Интернет-сленг и полуписмениот јазик на пазарите. Или без жива комуникација не може да се научи јазик?

Зборот „базар“ во рускиот јазик не одговара во целост на зборот „рынок“ (мак. пазар). Базар не е само место за трговија, тој збор исто така е поврзан и со источната култура на комуникација. 

Без оглед на какви и да се санкции, забрани и „препораки“  да не патуваат, наставниците од 20 странски земји се повторно во Москва. „Многумина наставници од странство мораа да покажат граѓанска храброст за да не  попуштат пред силната антируска реторика, да земат учество на натпреварот и да ја докажат со своите трудови конкурентноста на рускиот јазик во современиот свет,“ вели членот на Советот за руски јазик на претседателот на РФ и претседател на организациониот комитет на натпреварот Јадвига Јуферова, честитајќи им на лауреатите. 


Аркадиј Колибалов / Росијскаја Газета

Ирина Серикова, наставничка, Харков, Украина 

Ми се чини, во нашиот регион настаните од оваа година не  повлијаеја на односот кон рускиот јазик. Сите ние го владееме украинскиот јазик. Во нашиот регион, барем во градот, луѓето зборуваат на руски, продолжуваат да зборуваат на руски. Мене ми се чини дека конфликтот меѓу јазиците, рускиот и украинскиот, е измислен конфликт, тој не треба да постои. 

Галина Русакова, лектор по руски јазик, полициски поручник, Ерменија 

Така излезе, да ја комбинирам работата во полицијата со предавањето руски јазик. Најпрво бев поканета од Министерството за полиција на Република Ерменија во својство на лектор по руски јазик, а потоа, кога ме видоа како работам, ми ја понудија должноста офицер во полицијата. 

Можам да објаснам зошто во ерменската полиција се учи рускиот јазик. Пред сè, началникот на полицијата прекрасно го владее рускиот јазик. И целиот команден состав на полицијата го владее рускиот јазик, затоа што сите се имаат здобиено со образование на руски факултети. И затоа тие водат таква политика: сите курсисти, идни полицајци, идни правници, треба добро да го знаат рускиот јазик. Затоа што иднината на Ерменија е заедно со Русија, во тесната соработка. 

Георги Кепуладзе, економист, постдипломец, Кутаиси, Грузија 

Искрено кажано, во Грузија младите речиси и да не го учат рускиот јазик. По 2008 година се смени односот кон рускиот јазик, за жал, кон полошо. А, ако се учи руски, тоа е само колку едноставно да се знае јазикот. Има и такви кои сакаат да дојдат да учат во Русија, само што таквите се многу малку, зашто во врска со Русија кај нас се преземаат многу сериозни мерки. 

Дилором Исломова, институт за преквалификација и повишување на квалификациите на наставниците по руски јазик, приватен наставник, Наманган, Узбекистан 

Рускиот јазик нуди огромни можности
Колку повеќе јазици знаеш, толку си побогат!“ Ова е изрека што сите ја знаеме. Рускиот е словенски јазик со најголем број говорители, а воедно е и единствениот од словенската група што има статус на светски. Во Република Македонија меѓу другите странски јазици, на различни ниво од образованиот систем, се изучува и рускиот. „Руска реч на македонски“ направи свое истражување со цел да дознаеме каде сѐ се изучува рускиот јазик и колкава е реалната потреба од него во Македонија.

Кај нас во Узбекистан се создадени добри услови за изучување на рускиот јазик. За нас рускиот јазик е странски, но неофицијално е признаен на државно ниво. Во врска со миграциските процеси, интересот за изучување на рускиот јазик е многу висок.
Оваа година јас забележав уште еден фактор. Самарканд е многу религиозен град. Руското воспитување е европско, затоа кон него најпрво се однесуваа со претпазливост. Сега, кога подготвувам деца од 5-7 години за училиште со настава на руски јазик, доаѓаат верски лица, ги носат своите внуци, децата. Ми велат дека нивното дете треба да го научи рускиот јазик, да појде во руско училиште и да добие основно образование во руско училиште затоа што преку изучувањето на рускиот јазик, излегува дека е многу лесно да се научи арапски, да се чита коранот, зашто гласовите, изговорот на рускиот и арапскиот се многу блиски. 

Менсел Даути, студент, Србија 

Рускиот јазик во Србија отсекогаш се изучуваше. Имаше, се разбира, и години кога беше забрането да се изучува. Но, фала Богу, сега повторно сите се интересираат за рускиот јазик и повторно почнаа да го изучуваат. 

Односите со Русија се добри, така што може да се најде работа, како преведувач, и како наставник, се разбира. 

Јадвига Јуферова, претседател на организацискиот комитет на натпреварот и заменик-главен уредник на „Росијскаја Газета“ 

Денеска одлучивме која ќе биде темата на нашиот следен натпревар: „Јазикот на победата“. Нашиот натпревар е отворен за целиот свет – САД, Европа, Азија. Најважниот настан што се случи во историјата на ХХ век е победата над фашизмот, каде Советскиот Сојуз беше достоен сојузник и на Англија, и на Франција, и на САД. И се разбира, ние прекрасно разбираме дека САД, каде сега живеат 3 милиони наши земјаци што зборуваат на руски јазик, Германија, каде живеат 3 милиони говорители на рускиот јазик, каде веќе има силни традиции на руската школа – тие секако ќе земат учество во овој натпревар. За еден наставник кој предава руски, нема да биде комплицирано да напише состав на руски јазик. Потребно е да се дрзнеш и сè ќе излезе како што треба!

Натпреварот секоја година го организираат „Росијскаја газета“ и управата на Москва со поддршка од Росотрудничество и Фондот „Руски свет“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња