Во Москва се одржува изложба за руската емиграција во Македонија

Скриншот

Во Домот на руската емиграција (Дом русского зарубежья) претставени се архивски документи посветени на историјата на руската емиграција од првиот бран во Македонија. До неодамна тие беа класифицирани, а потоа практично заборавени.

На изложбата е претставен само дел од историјата на руската емиграција во Македонија. „Со оваа изложба сакаме да им оддадеме почит на руските емигранти кои толку многу направиле за развојот на Македонија во разни области – економијата, културата, медицината“, вели директорот на Државниот архив на Република Македонија Кирил Петров.

Благодарение на руски професори во Македонија се појави филолошки факултет. Во градот Скопје до земјотресот во 1963 година имало многу згради создадени од руски архитекти и инженери. Русите биле и лекари и учители. Козаци работеле на изградбата на пругата. Во Македонија е едно од најголемите братства на Валаамските монаси во егзил.

Дел од архивата му е подарена на Домот на руската емиграција. Во тие папки директорот Виктор Москвин откри документи на внукот и правнуката на рускиот патешественик Николај Миклухо-Маклај. „Ова е уверение од југословенскиот Црвен крст кое Ана го добила на 7 јули 1940 година. По помалку од година Германија почна војна со Југославија. И многу Руси учествуваа во војната против Германија. Руските емигранти биле во состав на армијата на кралството“, раскажува тој.

На крајот на 40-те, по прекинот на односите на Југославија со СССР, почнува хајка на руските емигранти. Некои избегале во Бугарија. Оние, кои биле протерани во Албанија, биле стрелани на границата. Документите за руската емиграција беа класифицирани во Министерството за внатрешни работи. „Апсолутно случајна една од вработените во архивот спомна во 2015 година дека постои кутија со документи на која сите заборавиле. Таа е од Министерството за внатрешни работи. Во кутијата се најдоа записници од состаноците на руската колонија во Скопје, анкетни листи на руските емигранти“, вели професорот од Институтот за национална историја на Република Македонија Ленина Жила.

Неодамна се разјасни дека во архивите има неколку илјади такви документи кои допрва треба да се проучат, се вели во прилогот на ТВ „Култура“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња