Московскиот „Лужники“ прогласен за „Стадион на годината за 2017“

Култура
RUSSIA BEYOND
Неодамна реновираниот фудбалски стадион во централна Москва се соочи со силна конкуренција од Франција и САД.

„Еден од само три стадиони кој доби 100% одобрение од секој судија и единствениот кандидат оваа година кој доби просечна оцена од 75% или повеќе во секоја категорија. Вистинско задоволство ни е да соопштиме дека Националниот стадион на Русија и годинешниов домаќин на отворањето и финалето на Светското првенство е „Стадион на годината“, се вели во официјалното соопштение на Stadium Database, во кој „Лужники“ годинава се соочија со „У Арена“ во Франција и „Мерцедес-Бенц стадионот“ во САД, кои ги освоија второто, односно третото место.

„Лужники“ претставуваше тежок предизвик за архитектите во текот на неговата реконструкција во која дизајнерите сакаа да го задржат историскиот надворешен изглед на стадионот, а да направат сѐ од почеток внатре.  

„Обемот и историската важност на стадионот „Лужники“ претставуваа голем предизвик за авторите на неговиот проект за реновација. Сместен на историски урбана оска, стадионот во моментов е и сигурно ќе се смета за важна туристичка атракција“, вели д-р Марија Сипинска-Малашинска, единствениот женски член на жирито за 2017 година.

Прочитајте повеќе за стадионите на Мундијалот 2018