Стадион Лужники, Москва.
Владимир Астапкович / ТАСССе гради на местото на Централниот стадион кој пред почетокот на изградбата беше срамнет со земја. Местото на изградбата на Мамаевиот Курган и работниот назив „Арена Победа“ потсетуваат на херојската одбрана на Сталинград во Големата татковинска војна. Според проектот стадионот ќе може да прими 45.000 гледачи. Во Волгоград Арената ќе бидат одржани натпревари по групи на Мундијалот 2018.
Извор: Lori/ Legion Media
И овој стадион се реконструира. По реконструкцијата ќе биде покомфорен и ќе има повеќе места, но ќе биде зачувана првобитната фасада. По реконструкцијата ќе може да прими 35.000 гледачи. Инаку тоа е домашен терен на локалниот фудбалски клуб Урал. Во Екатеринбург Арената ќе се играат натпревари по групи во рамките на Светското фудбалско првенство 2018.
Извор: Lori/ Legion Media
Еден од неколкуте стадиона изградени непосредно пред почетокот на активните подготовки за Светското фудбалско првенство. Фасадата има огромен простор предвиден за видеобим на кој натпреварите ќе може да се следат и однадвор. Стадионот може да прими 45.000 гледачи. Тоа е домашен терен на Рубин од Казањ. Тука беше одржана Универзијадата, како и Светското првенство во водни спортови. Во Казањ Арена ќе се одржат натпреварите од Купот на конфедерациите 2017 година и натпревари по групи, еден меч од осмина финалето и еден четвртфинален меч од Светското првенство 2018.
Извор: Lori / Legion media
Еден од „најпроблематичните“ објекти поврзани со Мундијалот 2018. Долго беа водени дискусии за местото на кое треба да биде подигнат. Проектот повеќе пати беше менуван. Изградбата е комплицирана поради лабилниот терен, затоа се применуваат специјални шипки. Ќе може да прими 35.000 гледачи, а по Светското првенство 25.000. На Стадион Калининград ќе бидат одиграни мечеви по групи во рамките на Светското првенство 2018.
Извор: Руслан Шамуков/ТАСС
Главниот стадион во Русија на кој беше одржана Олимпијадата во 1980 година. За светското првенство ќе биде повторно реконструиран, со тоа што овој пат теренот ќе биде спуштен за да се зголемат трибините (81.000 гледачи) и истите да бидат поблизу до теренот. На Лужники ќе се игра првиот натпревар со кој ќе биде отворено Светското првенство, како и три меча по групи, едно полуфинале и финалето на Мундијалот 2018.
Извор: Евгениј Самарин/РИА Новости
Пред и по Светското фудбалско првенство 2018 стадионот Спартак ќе се нарекува „Откритие Арена“. На 5 септември 2014 година на него беше одигран првиот натпревар. Стадионот е изграден за фудбалскиот клуб Спартак, а средствата ги обезбеди директорот на клубот Леонид Федун. Зданието малку наликува на Колосеум и обоено е во црвено-бели тонови. Може да прими 45.000 гледачи. Тука ќе се одржат мечови од Купот на конфедерации 2017, натпревари по групи и еден меч од осмина финалето на Светското првенство 2018 година.
Извор: AP
За овој спортски објект избрано е најубавото место во градот каде реката Ока се влева во Волга. Може да прими 45.000 гледачи. На стадионот Нижни Новгород ќе се играат мечеви по групи, еден натпревар во осмина и еден во четвртина финалето од Светското првенство.
Извор: Андреј Миндрјуков
Стадионот се гради на живописно место на левиот брег од Дон. Проектот беше ревидиран неколку пат и на крајот беше значително поедноставен. За време на светското првенство ќе може да прими 45.000 гледач, а потоа ќе биде домашен терен на фудбалскиот клуб Ростов и ќе прима 40.000 гледачи. На Ростов Арена ќе се играат натпревари по групи и еден натпревар од осмина финалето на Мундијалот 2018.
Направена е во облик на сфероид. Може да прими 45.000 гледачи. По Светското првенство ќе биде домашен терен на самарскиот клуб Крилја Советов. Во Самара Арена ќе се играат мечеви по групи, еден натпревар од осмина и еден од четвртина финалето.
Извор: Shutterstock/Legion-Media
Тој е еден од фудбалските стадиони што се градат најдолго. Ова е воедно и најскапиот, најсовремениот и најиновативниот стадион во Русија и во целиот свет. Генералниот архитект Кишо Курокава за овој спортски објект проектираше подвижен покрив кој го покрива теренот во лоши временски услови и терен со трева кој се собира кога се организираат натпревари во други спортови. Арената може да прими 69.000 гледачи. На него ќе се играат мечеви од Купот на конфедерации 2017, натпревари по групи, едно полуфинале и мечот за трето место на Мундијалот 2018.
Извор: Александар Демјанчук/ ТАСС
Изградбата на стадионот во Саранск започна пред да се дознае дека тука ќе се играат натпревари од Светскиот шампионат 2018. И покрај тоа, изградбата многу доцнеше. Поради мундијалот проектот беше ревидиран. Стадионот ќе може да прими 45.000 гледачи, а по светското првенство 30.000. На Мордовија Арена ќе се играат натпревари по групи од Светското првенство 2018.
Извор: Press photo
Подигнат е за Зимската олимпијада 2014 година во Сочи. Тука беше одржано свеченото отворање и затворање на олимписките игри. Иако објектот е сосема нов, за потребите на мундијалот се врши реконструкција. Стадионот може да прими 40.000 гледачи, но според програмата „Наследство“ по Светското првенство ќе може да прима 25.000. Тука ќе се играат натпревар од Купот на конфедерации 2017, мечеви по групи и еден натпревар од осмина финалето на Светското фудбалско првенство 2018.
Извор: Press photo
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче