
Од птичја перспектива, крајот на заливот Купер кадешто е изграден стадионот, изгледа како блескава зелена точка која ги разграничува водите на заливот Амур од станбениот дел на Владивисток. Стадионот е опкружен со вода од три страни.

Претставници од Државниот Поморски универзитет на Владивосток кој е сопственик на стадионот, велат дека се уште не се подготвени да ги отворат своите врати на пошироката јавност.

Од универзитетот велат дека во моментов се прават завршните зафати. Стадионот ги добива соблекувалните и простории за туширање.

Фактот дека стадионот се уште не е готов не ги спречува професионалните спортисти – екипите од Владивисток веќе го користат фудбалскиот терен за тренинзи.

Поморскиот универзитет кој ги започна градежните работи на оваа локација уште во 2011, исто така има и јахт-клуб во непосредна близина. Во текот на повеќе од 50 години таму се тренираат млади морнари.

Луѓето коишто живеат во околните згради сега може да уживаат во прекрасен поглед.
farpost.ru
Стадионот исто така се користи и за фестивали. Првиот – фестивалот на пуштање на змејови беше одржан во 2015 година.
http://www.newsvl.ruПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче