Анатолиј Гаранин / РИА Новости
Во втората половина на декември 1954 година, советската влада ја одобри изградбата на најголемиот стадион во Москва. Стадионот првично беше наречен „Големата Арена на Централниот Стадион на Ленин“, но подоцна беше преименуван во стадион Лужники. Името Лужники произлегува од поплавените ливади на свиокот на реката Москва (кадешто е изграден стадионот) и буквално би се превело како „Ливадите“.
Стадионот официјално беше отворен на 31 јули 1956 година. Тој ги исполнуваше сите меѓународни стандарди и служеше како база за подготовки на олимпијците, како и арена за важни натпреварувања. На пример, стадионот беше главно место на коешто се одржаа Летните Олимписки Игри во 1980 г., а стадионот беше домаќин на финалниот натпревар од Светското Првенство во Хокеј во 1957 г., Финалето на Купот на УЕФА во 1999 г., Финалето на Лигата на Шампионите на УЕФА во 2008 г., како и Светското Атлетско Првенство во 2013 г. На стадионот идната година ќе се играат натпревари и од Светското Првенство во Фудбал.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче