Рускиот филм „Довлатов“ награден на фестивалот „Берлинале“

Берлин, Германија, 24.02.2018.

Берлин, Германија, 24.02.2018.

Snapshot/Tobias Seeliger/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Со одлука на жирито со кое претседаваше Том Тиквер рускиот филм „Довлатов“ е награден за извонредно достигнување на еден уметник. „Сребрена мечка“ доби костимографот и сценограф Елена Окопнаја. Овој филм на режисерот Алексеј Герман Помладиот ја доби и наградата на читателите на магазинот „Берлинер Моргенпост“.

Во програмата „Панорама“ гледачите за најдобар филм го избраа „Профил“ на Тимур Бекмамбетов – филм за лукавите методи на врбување на европски жени од страна на терористичката организација „Исламска држава“. Дејството на овој експериментален филма се одвива само на компјутерски монитор.

„Златна мечка“, главната награда на фестивалот, е доделена на „најрадикалниот“ филм „Не допирај ме“ на романската режисерка Адина Пинтилие, кој храбро го уништува и последното упориште на она што сѐ до неодамна се третираше како длабоко интимно. Истиот филм е награден и за најдобро режисерско деби.

„Сребрена мечка“ за најдобра режија доби Вес Андерсон за долгометражниот анимиран филм „Островот на кучињата“.

„Сребро“ за најдобра глума им припадна на Антонио Бажон за улогата на превоспитаниот наркоман во драмата на Седрик Кан „Молитва“ (Франција) и на Ани Брун за улогата во уругвајскиот лезбиски филм „Наследнички“ на Марчело Мартинеси. Истиот филм ја доби и наградата „Алфред Бауер“.

Жирито додели „Сребрена мечка“ и на филмот „Лице“ на Малгоржата Шумовска. За најдобро сценарио е наградена комедијата „Музеј“ на Мануел Алкала и Алфонсо Руиспаласиос.

Еден од највпечатливите руски писатели на ХХ век Сергеј Довлатов (1941-1990) беше повеќестрана личност. Советски новинар и писател од еврејско и ерменско потекло со слаби шанси за објавување, пријател на добитникот на Нобеловата награда поетот Јосиф Бродски, американски имигрант, главен уредник на магазинот „Њу Американ”, колумнист во „Њујоркер” и автор на 12 книги. Тој беше мајстор на трагикомичната книжевна традиција. Го инспирираа книжевници како што се Антон Чехов, Аркадиј Аверченко и Михаил Зошченко. Се прослави со расказите и романите, меѓу кои се: „Куофер”, „Соло на андервуд”, „Резерват”, „Компромис” и многу други.

Филмот „Довлатов“ на режисерот Алексеј Герман Помладиот прикажува неколку дена од животот на писателот во Ленинград  (денешен Санкт Петербург) во 1971 година. Довлатов го игра српскиот актер Милан Мариќ, кој по изгледот неверојатно потсетува на рускиот писател, што го прави филмот уште поубедлив. Тој успеа да создаде лик на силен и привлечен човек со многу жив и чувствителен внатрешен свет, кој го бара своето место во животот и во книжевноста.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња