Кадар од филмот „Саљут 7“
Kinopoisk.ruФилмот на режисерот Клим Шипенко оствари во руските кина, како што наведува КиноПоиск, приход од преку 491 милиони рубли (7,24 милиони евра), а го погледнале повеќе од 1,8 милиони кино посетители.
Остварувањето на режисерот Дени Вилнев „Блејд Ранер 2049“, кое почна порано да се прикажува, настанато во заедничка продукција на Канада, САД и Велика Британија, инкасираше 489,5 милиони рубли (7,21 милиони евра) и привлече 1,7 милион гледачи.
„Саљут 7“ изби на четвртото место на листата најгледани руски филмови во 2017 година. На првото место се наоѓа играниот филм „Сила на привлекување“ (Притяжение) со приход од 1,04 милијарди рубли (15,3 милиони евра), на второто е анимираниот филм „Тројцата богатири и морскиот цар“ со 772 милиони рубли (малку повеќе од 10 милион евра) и на третото драмата „Времето на првите“ со 544 милиони рубли (8 милиони евра).
Рускиот филм е заснован врз вистински настан и „едниот од најимпресивните подвизи кога било изведени во отворена вселена“, како што рече американскиот истражувач на вселената Дејвид С. Ф. Портри.
Кадар од филмот „Саљут 7“
Kinopoisk.ruВселенската станица „Саљут 7” на 7 февруари 1985 година неочекувано губи секаков контакт со Земјата. Двајца космонаути тргнуваат во неверојатна мисија да ја поправат станицата и да ја прикачат за својот вселенски брод. Оние кои сѐ уште не го виделе филмот, ги очекуваат импресивни снимки на вселената, енергични советски хитови во позадина и голема доза на храброст.
Филмот „Саљут 7“ му беше прикажан на претседателот на Русија Владимир Путин, кој се сретна и со неговите творци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче