Рускиот режисер Александар Сокуров планира да сними филм врз основа на оваа идеја, во обид да обезбеди подобро разбирање на историските настани. Историските личности не се сеќаваат што им се случило во животот, туку разговараат и го презентираат своето гледиште за настаните што доведоа до Втората светска војна.
„Тоа е филм-фантазија, размислување за она што се случило“, вели копродуцентот Аљона Шумакова за ТАСС. Сокуров ќе го искористи стилот што го разви претходно со уфрлување на документарни снимки во играното сиже.
„Хитлер би можел да живее во наше време, бидејќи има маси луѓе со кои сè уште може да се манипулира, луѓе кои не читаат, не размислуваат и не знаат ништо за хуманистичкото и културното богатство“, изјави Сокуров за италијанскиот весник „Ла Стампа“.
Во продукцијата на филмот учествуваат Државниот филмски фонд на Русија и италијанскиот Институт Луче (Instituto Luce) кој е основан од Мусолини за производство на пропагандни филмови.
Александар Сокуров
Courtesy of Asac - la Biennale di VeneziaАлександар Сокуров е еден од водечките руски филмски режисери. Неговиот филм „Фауст“ од 2011 година го освои Златниот лав на Венецискиот филмски фестивал.
Неговиот последен филм „Франкофонија: Лувр под германска окупација“ исто така беше прикажан во рамките на главната натпреварувачка програма на Венецискиот филмски фестивал во 2015 година. Тоа е „документарна драма“ во која Сокуров користи архивски снимки раскажувајќи ја приказната за тоа како Лувр ја преживеа нацистичката окупација.
Во 2002 година Сокуров во Ермитаж го сними филмот „Руска арка“ кој беше составен така што сè беше снимено во еден кадар без монтажа. Филмот е посветен на одбележувањето на 300-годишнината на Санкт Петербург.
Наградуваниот руски режисер планира да го прикаже новиот филм до 2019 година.
Дознајте кои руски филмови снимени 2017 година не треба да ги пропуштите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче