Во најтесниот избор од пет наслови кои со остварувањето на рускиот автор, еден од денес несомнено најценетите во светот, за престижната награда ќе се натпреваруваат на 90 церемонија на доделувањето на Оскар на 4 март, влегоа и чилеанскиот филм „Фантастична жена“, либанскиот „Навреда“, унгарскиот „За телото и душата“ и шведскиот „Квадрат“.
„Нељубов“, психолошката драма за разводот на еден брачен пар и нивниот 12-годишен „заборавен“ син, е втор филм по ред на Андреј Звјагинцев номиниран за Оскар. На Канскиот фестивал каде минатата пролет беше премиерно прикажан во главната програма ја доби наградата на жирито. Беше номиниран и за Златен глобус, но наградата му припадна на германскиот режисер од турско потекло Фатих Акин за филмот „Од никаде“, кој важеше и за најсериозен кандидат за Оскар, но не беше номиниран.
Филмот на Звјагинцев „Левијатан“ учествуваше во трката за Оскар 2015 година, кога победи полскиот филм „Ида“.
Остварувањата на рускиот режисер Би-Би-Си ги смести во 100 најдобри снимени во 21 век.
Прочитајте повеќе за 10 филмови кои ја дефинираат руската кинематографија
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче