Филмот „Мраз“ руши рекорди во руските кина

kinopoisk.ru
Приказната за спортот и љубовта ја гледаа двојно повеќе гледачи од нејзиниот американски ривал „Педесет нијанси - ослободени“.

Според најголемиот руски портал посветен на случувањата во филмската индустрија kinobusiness.com, најгледан филм во киносалите во Русија и другите земји на ЗНД на 14 февруари беше рускиот филм „Мраз“ кој имаше двојни повеќе гледачи од американскиот ривал – филмот „Педесет нијанси – ослободени“.

Во борбата меѓу рускиот и холивудскиот филм победата според сите критериуми ја однесе руската спортска мелодрама. Имајќи го предвид просечниот број гледачи по проекција, „Мраз“ го остави главниот конкурент далеку зад себе, а односот е 62 наспроти 28 гледачи. Може основано да се претпостави дека овој филм, снимен со буџет од 150 милиони рубли, ќе стане хит во кината, се вели во соопштението.  

Главните улоги во дебито на младиот руски режисер Олег Трофимов, со мотото „верувај во себе и во чуда“, се на Аглаја Тарасова, Александар Петров и српскиот актер Милош Биковиќ, кој веќе ужива голема популарност во Русија.

Филмот се фокусира на драматичната приказна на една фигуристка, која завршува во болница поради грешка на својот партнер. Во животот на бившата шампионка се појавува хокеарот Саша, кој ќе ѝ ја врати довербата во себе и ќе ѝ помогне да си ги оствари соништата.

Прочитајте повеќе: 5 руски филмови кои го освоија светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња