Сака да создаде чудо: Како сибирска сликарка комбинира фотографија и сликарство

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Марина Фандеева, сликарка од рускиот град Новосибирск, ги спојува фотографијата и сликарството, создавајќи на тој начин исклучителни слики, со фокус на необичното и разиграната природа. На својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ има повеќе од 3000 фотографии кои ја илустрираат нејзината уметничка постапка.

Луѓето ѝ испраќаат на оваа уметница фотографии под посебен хаштаг, а таа на својот уникатен начин ги трансформира. Таа истовремено и смислува приказни за своите слики. Неодамна Фандеева објави книга под наслов „Нови приказни за Камчатка“, во која не само што (не)традиционално ги има споено фотографијата и сликарството, туку има напишано и бајки.

„Сите зборуваат за магија во илустрациите, меѓутоа тоа е илузија. Сакам да создадам чудо какво што само сликарот може да создаде, без напуштање на границите на физиката и оптиката“, открива еден од своите стремежи Фандеева.

Прочитајте повеќе за Меѓународниот ден #MuseumSelfie во Русија