Московскиот уметник Евгениј Чес е голем обожавател на CelloGraff, нов вид графити уметност. Наместо да се прскаат ѕидовите и страните на зградите, оваа техника користи целофан протегнат меѓу две дрвја – или други објекти – како платно.
„Во одреден момент почнав да сликам на пластична фолија. Видов на интернет како двајца момци од Франција насликаа на пластична фолија во градот, па решив да го пробам – ме интересираше“, изјави уметникот за Russia Beyond. „Веднаш дојдов до идеја да сликам мои графити на пластична фолија, не на улица, туку во природа. Мислев дека тоа може да излезе како многу интересна фотографија, каде урбаниот уметнички стил ќе биде во хармонија со природните пејзажи“.
Почнал да слика на животни во обид да ја зголеми својата публика, додека обожавателите на Чес најмногу се интересирале за графити. Понекогаш тој пешачи три часа за да најде идеално место за неговиот CelloGraff. Уметникот, исто така, по некое време ги отстранува за да не ја загадува животната средина.
„Целографитите се добра работа, бидејќи можете брзо да го креирате ѕидот на место каде што ви е потребно“, објаснува тој. „Можете да направите некоја уметност за време на пикник со пријателите - не заборавајте да ја фрлите пластиката во ѓубре“.
Погледнете дел од изложбата „СУПЕРПУТИН“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче