Руси во флешмоб акција на Третјаковската галерија

Никита Литке
Погледнете го овој руски уметнички косплеј!

Љубителите на ликовната уметност учествуваат во масовната акција организирана од Третјаковската галерија, а посветена на руската историја. Под хаштагот #некто1917 се објавуваат фотографии кои потсетуваат на познатите слики на Михаил Нестеров, Кузма Петров-Водкин, Борис Григорјев, Борис Кустодиев и Зинаида Серебрјакова, апстракциите на Казимир Малевич, Павел Филонов, Олга Розанова, Љубов Попова, Иван Кљун, Александар Родченко и Василиј Кандински.

Изложбата на Третјаковската галерија која ќе трае до 14 јануари ја одбележува 1917 година како еден од најважните датуми во руската историја. 

Флешмобот ќе трае до 25 декември, а петтемина најдобри автори на косплејот ќе добијат по две влезници за галеријата и книга за оваа изложба.

 

А кој е основачот на Третјаковската галерија, можете да прочитате во  Петтемина најпознати руски колекционери

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња