Ваков Ленин сѐ уште не сте виделе!

Погледнете како уметницата Мајана Насибулова го комбинира портретот на Ленин со популарната култура и религиите.

Речиси секој руски град, од мал до голем, има свој споменик на водачот на комунистичката револуција. Зошто тогаш да не се направи од неговиот лик уште еден примерок на масовната култура? Токму така размислуваше уметницата од Новосибирск.

Следејќи ја оваа идеја, Мајана Насибулова во 2015 година го почна проектот „Ленин за душа“, а година дена подоцна направи силиконска патка со глава на Ленин, која на една аукција во Москва беше продадена за 4200 евра, иако цената на сличните минијатури варира од 200 до 1500 евра. Не е лошо, нели?

Можеби една од причините беше таа што жолтата патка стана симбол на современата руска опозиција? „Моето дело не го сфатија само како уметнички објект“, вели Мајана.

Уметницата продолжи да создава мали скулптури на Ленин и сега во Москва отвори изложба под називот „Криза на уверувањето“.

Ликот на Ленин се наѕира во секој примерок, но разликата е во изворот на инспирацијата.

„Ако претходно ја копирав бистата на Ленин и му облекував костуми, сега користам популарни прикази од различни култури“, вели Насибулова за Russia Beyond-Македонија.

Руските комунисти првин беа навредени, но не претерана. Мајана никој не ја нападна јавно поради нејзиното творештво.

„Тоа беше повеќе старечко прекорување отколку сериозни напади“, вели таа. „Медиумите се обидоа да го надуваат скандалот, но неуспешно“.

Насибулова сепак нема намера да запре на достигнатото и веќе работи на други проекти.

Погледнете и некои  ретки фотографии од Ленин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња