Во втората половина од дваесеттите години од минатиот век советската власт го преплави светскиот пазар со богатства од своите музеи. Ваква распродажба никогаш претходно не била видена во историјата на уметноста.
На младата социјалистичка држава која закрепнувала од последиците на разорната граѓанска војна ѝ биле потребни пари за изградба на новото општество. Државното раководство решило да собере средства од продажба на непроценливи ремек-дела кои старата власт грижливо ги собирала. Богатството од Дијамантскиот фонд, од Кремљ, Ермитаж и од Третјаковската галерија биле распродадени на аукции на милионери од САД и од Европа.
„Имаше различни луѓе. Арманд Хамер беше мрачна личност. Имам слушнато дека било страшно да се наоѓаш во иста просторија со него. Тој организирал продажба на руски уметнички дела (за што советската власт му дала 10% провизија). Во најголемата њујоршка стоковна куќа 'Лорд енд Тејлор' организирал аукција 'Богатството на Романови' (на која биле изложени дела кои всушност немале врска со царското семејство)“, објаснува Наталија Семјонова, историчар и автор на книгата „Распродаденото богатство на Русија“.
Царски круни и дијаманти, икони и други реликвии, ретки слики и скулптури во голем број се продадени на американскиот секретар за финансии Ендрју Мелон, на нафтениот магнат Клауст Глубенкијан и на американскиот амбасадор Џозеф Дејвис и на неговата жена Марџори Пост. Бројни уметнички дела подоцна преминале во сопственост на музеите ширум светот: од Метрополитен во Њујорк и Хилвуд во Вашингтон до Музејот на Клауст Глубенкијан во Лисабон. Russia Beyond-Македонија направи список на најголемото богатство што Русија го изгубила.
Ова е една од поскромните круни што ја продале болшевиците. Ја носела последната руска царица Александра Фјодоровна на нејзината венчавка во 1894 година. Во 1926 година Гохран (државниот фонд за скапоцени метали и камења) ја продал круната на Норман Вајс кој во 1966 година преку акционерската куќа „Sotheby's“ ја продал на Марџори Пост. Денес е дел од колекцијата на музејот Хилвуд во Вашингтон
Царот Николај Втори на својата сопруга Александра Фјодоровна ѝ подарил јајце од Фаберже од платина со дијаманти, рубини и минијатурни кочии. Оружерницата на московскиот Кремљ го продала во 1927 година на галеријата Вартски во Лондон, а во седумдесеттите години од минатиот век станала дел од колекцијата на Малком Форбс во Њујорк. Денес е изложено во Музејот на Фаберже во Санкт Петербург како дел од колекцијата на рускиот милијардер Виктор Векселберг.
Екатерина Велика ја купила оваа слика за Ермитаж, а в 1929 година Советскиот Сојуз ја продал на Клауст Гулбенкијан. Денес се наоѓа во Музејот на Гулбенкијан во Лисабон.
Оваа слика беше најголемото дело на генијот од ренесансата во колекцијата на Ермитаж. Во 1931 година е продадена на Ендрју Мелон за рекордна сума од речиси 1.2 милиони американски долари. Денес се наоѓа во Националната галерија на уметноста во Вашингтон.
Ова ремек-дело на Тицијан станало дел од колекцијата на Ермитаж во 1850 година, а во 1931 е продадено на Ендрју Мелон. Подоцна преминало во сопственост на Националната галерија за уметност во Вашингтон.
Овие два панела од таканаречената колекција „Иконите во повеќе делови на Татишчев“ (ги купил Дмитриј Татишчев, руски амбасадор во Шпанија) претставуваат фрагменти од триптихот чиј централен дел е изгубен. Во 1933 година се продадени на њујоршкиот музеј на уметноста Метрополитен. По продажбата на овие панели, како и на сликата „Благовести“ која неколку години претходно ја купил Мелон, Ермитаж останува без ниту едно дело на Ван Ајк.
Еден од четирите „триумфи“ кои Пусен ги насликал за легендарниот кардинал Ришеље. Сликата ја купила Екатерина Велика. Во 1932 година е продадена на Фондацијата Елкинс, а денес се наоѓа во Музејот на уметноста во Филаделфија.
Продажбата на ова дело на Рајксмузеум во Амстердам во 1933 година била вистинска трагедија за вработените во Ермитаж. Тогашниот директор на музејот Борис Легран напишал: „Ова е единственото наше дело на Рембрант на кое тој го користи ефектот на вештачко осветлување“.
Ова е едно од ретките дела на импресионистот кое Русија го изгубила и тоа само зашто во дваесеттите години од минатиот век не вредело многу. Музејот на новата западна уметност во Москва (денешен Пушкинов музеј за ликовни уметности) ја продал сликата на Ван Гог во 1933 година на Стивен Кларк, кој ја оставил на Музејот на уметностите на универзитетот Јејл.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче