Казимир Малевич. Главата на селанец. Извор: Sotheby's
Во детството Малевич видел слика на која девојче лупело компири и бил восхитен од тоа како биле насликани лишите од компирите. Имено оваа неверојатна реалистичност го привлекла еден од најапстрактните уметници на 20 век.
Пролет. Градина во цут – 1904
Ова е една од раните слики на Малевич. Неговите работи од тоа време мирисале на духот на импресионизмот. Тоа се случило речиси со сите авангардисти. Приватниот учител кај кого Малевич земал часови по сликање, бил фасциниран од Пол Сезан.
Автопортрет – 1910 (Третјаковска државна галерија, Москва)
Од чистиот импресионизам Малевич се префрла во авангардата, учествува на изложби на разни творечки колективи („Џандар лист“, „Магарешка опашка“). Уметникот се свртува кон кубизмот и кон алогизмот. Постепено се појавува геометријата и сите слики се примитивизираат.
Селанки во црква – 1911
Оваа слика е од таканаречениот „прв селански циклус“: основни сижиња – селани на поле, во црква, селански портрети. Фигурите стануваа помасовни, пообемни, неподвижни.
Нацрт на костим за „Непријател“ – 1913
Малевич активно соработувал со останатите руски авангардисти, многу се дружел со музичарот и уметник Михаил Матјушин и со поетот Алексеј Кручоних. Кај оваа група се родила идеја за футуристичка опера „Победа над Сонцето“, која во целост требала да биде изградена на уметничка алогичност. Малевич цртал нацрти за костими.
Супрематизам (со црн трапез и црвен квадрат) – 1915, Градски музеј на Амстердам
Оваа слика е насликана во истата година со познатиот Црн квадрат. Овој правец се нарекува супрематизам. Малевич е познат во целиот свет како негов творец и теоретичар. Во Манифестот на супрематизмот Малевич ги дефинира главните теоретски принципи – одрекување од академизмот и воздигнување на револуцијата во идеите и во методите. „Се објавувам себеси за слободен творец како противтежа на слободните уметници на Академскиот занает“.
Жена со гребло – 1928 – 1932 (Третјаковска државна галерија, Москва)
Многу попримитивни селанки за разлика од претходно, се вбројуваат во вториот селански циклус. Сепак, уметникот го нарекува овој циклус „неоимпресионистички“. Кон крајот на својот живот тој се свртува исто така и кон реалистичкото сликарство, па затоа е мошне тешко човек да си претстави дека творецот на црниот квадрат преминал кон едноставните земни предметни пејзажи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче