Во многу од селата, расфрлани низ огромната територија на Русија, и до ден денешен нема ниту сателитски антени, ниту радио. Како да се дознае какво ќе биде времето за да се заштитите себеси и нивите од мраз или од жештина? Со природните знаци кои се толкуваат во митологијата и фолклорот на старите Словени!
Пренесувани со векови од уста на уста, тие и до ден денешен претставуваат еден вид „барометри“ и „термометри“ не само за руралните, ами и за урбаните жители. Еве неколку од нив, кои им помагаат на Русите да се борат со стихијата.
Мачорот спие, свиткан во клопче, и си го прикрива со лапата носот, враната гo крие клунот под крилото, врапците си кријат во гранките, а зимовките џагорат - сето тоа се знаци дека наближуваат мразови.
Чадот од оџакот, ако излегува како прав густ столб, значи добро време, а ако се „тркала“различни насоки, спротивното - наближува невреме. Алексеј Малгавко / РИА Новости
Објаснувањето е едноставно: мачорот, враните и врапците бараат топло место на кое да се сокријат од студовите, а зимовката е зимска птица – го повикува студот, се радува дека настапува „нејзината“ сезона.
Меѓу зимските знаци има и такви кои го предвестуваат настапувањето на топењето на снегот и приближувањето на пролетта. На пример, ако свети над шумата небото или зајдисонцето што бргу го снемува.
Чадот од оџакот, ако излегува како прав густ столб, значи добро време, а ако се „тркала“различни насоки, спротивното - наближува невреме.
Долгата руска зима ги терала и ги тера луѓето да бараат знаци на топењето на снегот – кога ќе замириса на вистинска пролет?
Ако снегот се топи од јужната страна и тече многу вода, тогаш повторно ќе залади. Александар Крјажев / РИА Новости
Уште одамна се сметало дека ако снегот се топи од северната страна ќе се појават чучулиги, а ако мачката почне да спие на подот, тогаш топлината наскоро ќе дојде и ќе остане за подолго време.
Ако, пак, летаат сипки, снегот се топи од јужната страна и тече многу вода, тогаш, за жал, повторно ќе залади.
Во Русија летото е кратко, а во многу области тоа е суво: ако нема вода, нема ни жетва. Затоа летно време луѓето обрнувале внимание на тоа дали цвеќињата не се затвораат, дали крекаат жабите во барите, дали излегуваат раковите на брегот и грмат ли постојано грмотевици. Сето ова се знаци за дожд.
Летно време луѓето обрнувале внимание на тоа дали цвеќињата не се затвораат, дали крекаат жабите во барите. / Константин Чабалов / РИА Новости
Другата летна закана за древните Словени била ненадејните мразови. Затоа тие обрнувале внимание на птиците, пчелите и сонцето. Ако птиците летаат ниско и врескаат силно, пчелите летаат во јато, околу сонцето се формираат венци – очекувајте мразови.
Во фокусот на есента се наоѓаат рјабината, печурките, оревите, патките, зајаците и вервериците.
Ако рјабината цвети подоцна, таа есен ќе биде долга. Владимир Смирнов / РИА Новости
Ако рјабината цвети подоцна, таа есен ќе биде долга. Богата жетва од рјабина навестува студена зима, а ако нејзините листови венеат и остануваат со приближувањето на зимата, тоа значи дека ќе има силни мразови.
Ако има многу ореви, а нема печурки - очекувајте многу снег и студ.
Ако патките во реката пливаат, дури и на ладен дожд тоа е добар знак дека студовите нема наскоро да дојдат. Ако на зајаците им избелува крзното, а вервериците прават гнездо високо – подгответе се за студена зима.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче