Британската кралица Елизабета II (десно), претседателот на РФ Владимир Путин, кој пристигна во државна посета на Британија и неговата сопруга Људмила во текот на церемонијата за пречек во Лондон.
Алексеј Панов / РИА „Новости“Првите дами во СССР во општоприфатениата смисла не биле сите сопруги на првиот човек во државата. Немало дипломатски протокол за ова прашање, ниту регулатива дали сопругата треба да го придружува првиот човек на државата на официјални посети. Може сопругата воопшто да не се појавува на јавни места - дури може воопшто да не ја познаваат на лик.
Во советскиот период првите дами ја истакнувале својата скромност - деколтето затворено, се облекуваат како милиони свои сограѓанки: предизвикувачката елеганција очигледно го одвлекувала вниманието од изградбата на комунизмот. Сè се променило со Нина Хрушчова - со неа започнува и нашата приказна.
Извор: RDA / Vostock-photo
Првата дама и сопруга на Никита Хрушчов била првата жена на руски партиски лидер, која официјално го придружувала на патувања во странство. Таа била и првата на чија адреса се упатува потсмев за нејзиниот вкус. Хрушчова била она што се нарекува „човек од народот“ и го сакала „селскиот стил“: дречлив, со цветни дезени, слободен крој како вреќа. Токму тој крој и се пошегувал со неа.
За време на историската посета на САД таа избрала долг летен фустан со цвеќиња, кој веднаш бил наречен „фустан-наметка“. Ситуацијата била отежната од фактот дека стоела рамо до рамо со модната икона на САД Жаклина Кенеди. На овој фон нејзиниот едноставен, речиси домашен фустан немал шанса. Оваа слика го преплави светот, а Хрушчова веднаш влегла во историјата како олицетворение на типична советска жена-трудбеничка од колхозот.
Сето тоа е чудно, бидејќи во тоа време за госпоѓа Хрушчова шиела кај московската шивачка Нина Гупало која ги облекувала и ќерката на Сталин, и познати актерки кои не можеле да бидат критикувани за недостаток на вкус.
Всушност треба да се истакне дека токму во времето на Хрушчов во 1959 година во Москва за прв пат биле прикажани западни модели - пристигнал Ив Сен Лоран, кој во тоа време ја водел модната куќа „Кристијан Диор“ (Christian Dior), и ги покажал пред политичката елита своите модели.
Извор: Владимир Акимов / RIA Novosti
Традицијата да не се одделува од масата советските жени ја продолжила и Викторија Брежнева. Таа дури и не претендирала за јавен статус и во ретките моменти кога се појавувала во јавноста, носела целосно хармонични, скромни, но како што некои забележуваат здодевни конбинации.
За неа, како и за целата партиска елита, се шиело во познатиот Куќа на модата на Кузнецкиот мост - таму се креирала облеката што ја шиеле советските фабрики.
Во тоа време во СССР веќе може да се најде увозна стока, на пример во главната продавница ГУМ на Црвениот плоштад или во специјализираните продавници за дипломати „Берјозка“, каде се продавала стока за девизи (официјално девизите биле забранети).
Госпоѓата Брежнева не се возбудувла особено од оваа тема, што не може да се каже за нејзиниот сопруг Леонид Брежнев. Тој бил вистински денди – си купувал кошули и вратоврски во странство, па дури и „грозницата за џинс“ не го одминала. Леонид Брежнев се појавувал во јакна од тексас.
Извор: Николај Малишев / ТАСС
Раиса Горбачов станала руската Жаклина Кенеди. Нејзините стилски, секогаш прикладни облеки со суптилни силуети станале дури предмет на народна завист. „Комунистичка дама со париски шик“ била нарекувана на Запад, но во татковината била дочекувана со жестоки критики. Сонародниците сметале дека за сметка на државата од Париз си носела облека на Ив Сен Лоран и на Пјер Карден.
Всушност, иако Горбачова да се дружела со париските моделиер и се појавувала на нивните ревии, нејзините облека ја шиела Тамара Макеева - повторно во Домот на модата на Кузнецкиот мост. Независно од тоа, Раиса Горбачов придонела за доаѓањето на рускиот пазар на големите модни брендови како Карден и Ив Сен Лоран. Станала патрон на отворањето на домот на „Бурда моден“ во Москва. Подоцна дел од нејзините костуми биле шиени од рускиот моделиер Валентин Јудашкин, кого го нарекуваат првиот моделиер од постсоветскиот период.
Извор: Владимир Родионов / РИА Новости
Сите наредни први дами по Горбачова ја продолжиле советската традиција и останале во сенката на своите мажи. Во нивните гардероби доминира благородната класика, светлите беж тонови и конзервативниот облик.
Сопругата на Борис Елцин го менувала својот изглед заедно со земјата - од спорните осумдесетти години од минатиот век со бордо костимите и ондулацијата на секои шест месецо преминала кон смиреното благородништвото на класичните костуми на „Шанел“.
Поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила, исто така се карактеризира со љубов кон еднобојната класика, а везот на нејзината облека брзо бил прифатен од многу жени. Впрочем, таа често прибегнуваше кон советите на познатите руски дизајнери како што се Игор Чапурин, Викторија Андрејанова и Слава Зајцев. Последниот ја убеди да носи огромна капа што предизвика скандал во Англија во 2003 година на прием кај британската кралица. Покрај тоа, според некои медиуми Путина сакала готова облека, а особено колекциите на „Барбери“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче