Женското лице на руската музика

Наадја. Извор: Press Photo

Наадја. Извор: Press Photo

Млади, современи, талентирани и убави – кој ќе застане на чело на руската музичка сцена за неколку години? По повод Меѓународниот ден на жената „Руска реч на македонски“ ви ги претставува петте музичарки кои ги поседуваат сите предуслови да станат ѕвезди и да ја издигнат руската музика на светско ниво.

Наадја 

Надежда Грицкевич е новата женска икона на руската инди-сцена, лидер на групите Наадја и на Moremoney. Откако пролетта 2013 година се појави со дебитантскиот спот „Пирати“, за групата Наадја почна да се зборува како за највпечатливото деби на сцената. Кога ќе ја слушнете оваа девојка како пее по телото ќе ве полазат морници. Вакви песни на руски јазик одамна не се снимени. За речиси две години Наадја успеа да одржи над 30 концерти, да настапи на најголемите домашни фестивали и да замине на првата турнеја по најголемите градови во Русија и во Украина. Руската редакција на Itunes ја прогласи групата Наадја за една од десетте ѕвезди во искачување на годината, а истоимениот албум на групата кој излезе минатата година се најде меѓу најдобрите на топ-листите на авторитетните музички изданија.

 

Јана Блиндер


Извор: Press Photo

Пејачката Јана Блиндер ја сметаат за една од најразностраните вокалистки на руската сцена. Таа има шанса да стане нова поп-ѕвезда од меѓународен ранг, но засега за неа знаат малкумина. На нејзиниот список се запишани: учество во експерименталните проекти SPDSC, Vagina Vangi, 30 Colours Of White, работа со една од најстарите групи Браво и настап во шоуто „Глас“ на Првиот канал. По две недели од првиот концерт Јана Блиндер веќе настапуваше како предгрупа на поп-рок ветераните Blondie. Пејачката, пак, го карактеризираше својот стил како „естраден инди-пост-рејв“, со што сака да каже дека нејзината музика не може да се определи. Јана себеси се претставува како „малечко европско девојче од Ростов на Дон“, но пее на англиски. Овој јазик нејзе ѝ е поблизок, зашто таа израснала во странство, најмногу во Шпанија.

 

Мусја Тотибаѕе 


Извор: Press Photo

Мусја Тотибаѕе е 18-годишна студентка на Школата на Московскиот уметнички театар „А.П. Чехов“, која има прекрасна кадрава огнено црвена коса и манекенска фигура, поради тоа што е млада нема направено многу. Во гламурозните списанија таа е позната по своето боемско потекло (таа е ќерка на уметникот Константин Тотибаѕе) и по учеството на Балот на дебитантки Tatler. Кога станува збор за музиката кариера, Мусја засега успеа да издаде две нумери, а првиот, ироничниот дискошлагер „Вистината за љубовта“ моментално го освои Интернетот и стана главен хит на московските клупски журки. Во секој случај, не треба да се сомневаме во нејзината успешна иднина: со своите надворешни и вокални квалитети оваа девојка задолжително ќе стане ѕвезда. Ако не на музичкото, тогаш на актерското поприште.

 

Даша Лукс  


Извор: Press Photo

Даша Лукс го размрда Интернетот со спотот за песната „Божица на убавината“ од пред пет години, што таа самата го имаше направено. Весел електропоп во духот на осумдесеттите години од минатиот век и умешноста не само да се даде концерт, туку и да се направи вистинско шоу со хумор и со блескави костими, речиси моментално го привлече вниманието на илјадници фанови и на медиумите. Наоѓајќи се на границата на денс-поп и индимузиката, Даша има настапувано на најдобрите сцени во Москва, успеа да оди на турнеја низ цела Русија, има настапувано во САД, има издадено 2 руско-англиски албуми, 7 спота, од кои еден го снимаше американскиот MTV. Во 2015 Лукс вети дека ќе се врати, за со нова сила да претендира за називот руска Мадона или Лејди Гага.

 

Jekka 


Извор: Press Photo

Фронтмен и идеолог на проектот Jekka е младата архитекта од Москва Евгенија Недосекина. Таа има снимено дваесетина композиции, а жанровски таа самата се определува како „еклектичка електронска поп-музика“. Инспирација за новите песни Jekka добива од класиките на Дејвид Боуви, на Бјорк и на Арета Френклин, а исто во новите композиции се чувствува влијанието на Tune Yards, Bat for Lashes и Gold Panda. Со оглед на тоа што таа е љубител на новите технологии, активно соработува со видеоуметниците и настапува на прогресивните меѓународни фестивали, како што се на пример Stereoleto (Санкт Петербург) и FORMA (Москва).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња